Германија предупредува: Измамници оперираат по балканските патишта

Под изговорот дека се помош на патиштата во Србија, Хрватска но и во останатите земји од Југоисточна Европа, многу измамници ,,ординираат“ на главните сообраќајни делници , предупредува  Германскиот автомобилски клуб ( ADAC).

,,Измамниците кои ги имаше во Унгарија и во Србија, сега се засилија во Бугарија, Хрватска и со Словенија“ стои во соопштението до членовите на клубот АДАЦ.

,,Измамниците користат возила кои се многу слични на возилата на клубовите за помош на патишта и кои со натписите на нив, потсетуваат дека се некоја од службите на АДАЦ“, се наведува во соопштението.

Дури и механичарите биле облечени во комбинезони со ознаката на АДАЦ. Германскиот автомобилски клуб ги информира своите членови дека нивната служба никогаш нема да бара наплата за услугата на лице место и дека поправката на возилата , при евентуална таква потреба“ ќе се врши во работилници со кои АДАЦ има склучено договор. Од ова здружение, предупредувата на појавата , возачите никогаш да не ги оставаат своите возила ноќе на отворено без надзор, зашто измамниците ги ,,напаѓале“ и ваделе од нив некои делови , за потоа да се појават како помош на пат.