ГЕРМАНИЈА СТАНА ПРЕСКАПА, цените вртоглаво растат

Растот на производствените цени во Германија достигна нов рекорд во август, поттикнат од цените на енергијата, покажуваат податоците објавени од „Дестатис“.

Производните цени во Германија се зголемија за 45,8 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, што е најмногу од 1949 година кога германскиот завод за статистика почна да објавува податоци, надминувајќи го рекордниот пораст од 37,2 отсто во јули. Во однос на јули, тие се повисоки за 7,9 отсто, што е и највисок раст откако „Дестатис“ ги објавува извештаите. Тие во јули се зголемени на месечно ниво за 5,3 отсто.

Цените на енергенсите во август беа повеќе од двојно повисоки од истиот месец лани. На месечно ниво се зголемени за 20,4 отсто. Струјата поскапела речиси четири пати за дистрибутерите, а гасот три пати поскап од август минатата година.

Без цените на енергијата, производствените цени се повисоки за 14 отсто.

Поради поскапувањето на енергенсите, забележително пораснаа и цените на интермедијарните производи, за 17,5 отсто, но и на трајните и нетрајните производи за широка потрошувачка за 10,9 и 16,9 отсто, соодветно.

Храната поскапела за 22,3 отсто, со цената на путерот со скок од 74,6 отсто во однос на ланскиот август. Скокнаа и производствените цени на непреработените растителни масла, за 51,4 отсто. Млекото и кафето поскапеа за една третина, а месото за четвртина, отколку во август 2021 година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО

1 Trackback / Pingback

  1. Германија станува прескапа, цените вртоглаво растат - media24newsi

Comments are closed.