Германците не сакаат да слушаат џамии

Најголем дел од Германците се против тоа да им се дозволи на џамиите во земјата да го рокаат на звучници повикот на молитва. Процената е дека во Германија живеат околу 5,6 милиони муслимани.

Прашањето што им се поставува на испитаниците е „дали по ваше мислење повикот на муезинот за муслиманска молитва, треба да биде чест во Германија како и црквените ѕвона?“

Исходот е 76% од испитаниците одговориле со „не“, 18% од испитаниците биле за, 6% немале став околу прашањето.

По старосни групи, кај лицата на возраст од 50 до 64 години 80% биле против ечење на повикот за молитва, додека кај младите, од 18 до 29 години, тој добил најголема поддршка од 23%. По партиска линија, над 90% од гласачите на АФД биле против, а над 40% од гласачите на Зелените биле за.

Анкетата направена по нарачка на весникот Генерал-Анзајгер од Бон, следува откако градот Келн дозволи џамиите да го практикуваат својот повик на молитва, стандардно преку звучници.

Дозволата е за сите 45 џамии во Келн, меѓутоа тоа може да се случи само еднаш неделно, во петок, во период од пладне до 15 часот, и во траење од 5 минути. Притоа гласноста на звучниците се одредува во зависност од локацијата на џамијата, а секоја џамија ќе мора да одреди лице за контакт кои ќе одговара и ќе се справува со жалбите.

Одобрението што го издаде Келн е со ограничен рок од 2 години.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија