Гратче со еден жител кој сам себе си е градоначалник

The sign at the town limits outside the village of Monowi, Nebraska shows the population at only 1 April 27, 2011, making it the only incorporated town, village or city in the United States with only one resident. Elsie Eiler, 77, is the lone inhabitant in the village. REUTERS/Rick Wilking (UNITED STATES)

Веројатно никогаш не сте слушнале за местото Монови кое се наоѓа во Небраска, но тоа стана навистина многу популарно последнава година, поради еден интересен факт – има само еден жител. Во Монови некогаш живееле околу 150 луѓе, но сега во него живее само 80 годишната Елси Ели која како што погодувате, сама на себе си е градоначалник.

монови-ејлин

Елси повеќе од десет години самата на себе си плаќа данок, издава и добива дозвола за точење пијалаци и го планира градскиот буџет со кој одржува четири улични ламби. Во 70тите години таа со својот покоен сопруг отворила ресторан кој до ден денес опстојува. Покрај тоа, Елси работи и во библиотеката во која веќе сигурно претпоставувате дека е единствена вработена и член.

библиотека

Елси има свои деца, но тие веќе одамна се преселиле во поголемите градови. Таа останала во Монови да живее со својот сопруг. „Не сакав да одам никаде кога мојот сопругот почина. Ова засекогаш ќе биде мој дом“, вели таа.
ресторан-монови

Во текот на минатите децении, многу од жителите на ова место се иселиле, барајќи работа или брачен другар. Денес, голем дел од куќите се срушени, па Монови завзема само 500 квадрати.

монови

 

Откако се прошири приказната за Елси, таа стана вистински хит. Па, многу луѓе започнале да доаѓаат во нејзиниот ресторан за да ги пробат нејзините специјалитети.