Дали сте доволно храбри да се качите овде?

Мостови од стакло 300 метри над земјата, куќи заглавени во карпи, базени на кровот од облакодери – ова се само дел од градбите што не се за оние со слабо срце.

Мостот Zhangjiajie, Кина
Израелскиот архитект и наградуван поет, Хаим Дотан, вели: „Природата е прекрасна каква што е. Треба да се влијае врз неа што е можно помалку.“ Затоа, Zhangjiajie мостот од стакло е дизајниран да биде невидлив, како да е дел од природата. Изградба е завршена во јули минатата година, а мостот официјално е прогласен за најдолг и највисок мост од стакло во светот. Долг е 380 метри, а се наоѓа 300 метри над кањонот во провинцијата Хунан.

Zhangjiajie-Grand-Canyon-Glass-Bridge

 

Куќа на карпа, Австралија
Како што вели и самиот архитект Модскејп, инспирација за овој проект му бил начинот на кој пијавиците се држат до трупот на бродот. Оваа куќа на карпа во Австралија создава неверојатна врска со океанот. Сите соби се поставени вертикално, а се поврзани преку лифт.

cliff-house-australia

 

Trollstigen центарот за посетители, Норвешка
Завршен во 2012 година, а дизајниран од норвешкиот архитект Реулф Рамстад, овој центар е сместен длабоко во фјордовите, а може да биде посетен само во лето.

norway

 

Хотел Marina Bay Sands, Сингапур
Овој хотел го има најголемиот „бесконечен“ базен кој се наоѓа на 55-тиот кат. Дизајниран од страна на израелскиот архитект Моше Сафди, овој базен беше отворен во 2010 година и е долг 146 метри од кои водата се излева.

Marina-Bay-Sands

 

Кула врз реката Мур, Австрија
Завршена во 2009 година, а дизајнирана од германски архитекти, оваа кула е инспирирана од структурата на двојна спирала и нуди зашеметувачки поглед.

tower-mur

 

Casa Brutale, Грција
Оваа куќа која е дело на грчките архитекти Лаертис Антониос Андо Василиу и Пантелис Кампорополос, има базен на кровот, а е стационирана во самата карпа.

casa-brutale

 

Спирална патека, Полска
Полскиот архитект Залевски, ја дизајнирал оваа патека за да го искористи слободниот простор до неговата зграда. Имено, сакајќи да им овозможи прошетки на воздух на соседите, тој направил патека од метал која е покриена со трева, а е поврзана со цврсти јажиња за околните згради. Баш е забавно да имате архитект во маало, зар не?

walk-on

 

Шангај Холидеј Ин, Кина
Наоѓајќи се на 24-тиот кат од хотелот, овој базен не е за оние со слабо срце. Стакленото дно им овозможува на пливачите да ја гледаат улицата и сè она што се случува долу. Овој дизајн стана толку популарен, што подоцна и Шпанија, Австралија, Дубаи и Индонезија добија ваков базен.

shangai-holliday-inn