„Дожд“ од пајаци во Австралија

На сите ни е познато дека Австралија е дом на најразлични видови пајаци, но она што неодамна се случи во градот Голберн ги изненади и тамошните жители. Имено, едно мајско утро тие се разбудиле со прилично морничава глетка – целиот град бил прекриен со пајажина во која имало милиони пајаци.

Ваков „дожд“ се случува кога голем број пајаци ќе решат да мигрираат одеднаш, при што сите почнуваат да плетат мрежа, создавајќи вид на падобран кој ќе им овозможи да се спуштат на новата локација.

Според ентомологот Рик Ветер, голем број пајаци ја користат оваа техника, но не истовремено во толку голем број. „Овој процес постојано се одвива околу нас, само не го забележуваме. Тој им овозможува на пајаците да минуваат големи растојанија за кратко време.“ – изјавил Рик, кој е професор на универзитетот Калифорнија Риверсајд.

Жителите на Голберн  се жалат дека не можат да излезат надвор без да стапнат на мрежите, или без да им се вплеткаат пајаци во косите.
„Тие буквално можат да патуваат со километри, и токму поради таа причина на секој континент има пајаци. Се појавуваат дури и на Антарктикот, но таму едноставно умираат. Цели полиња, ливади и дрвја можат да бидат покриени со оваа Ангелска Коса како што некои ја нарекуваат.“ – вели природонаучникот Мартин Робинсон.

timthumb.php_

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО