До 7 ноември аплицирајте за иселеничка виза за САД

На 4 октомври започна новата лотарија за иселенички визи за САД која ќе трае до 7 ноември. DV лотаријата која Стејт департментот ја спроведува секоја година, овојпат ќе додели 50.000 визи преку кои кандидатите кои се избрани, ќе добијат право да живеат и работат во САД.

Аплицирањето е бесплатно и се состои од пополнување онлајн формулар во кој ги впишувате вашите лични податоци и прикачувате профилна фотографија. Инструкциите за пополнување на форумуларот можете да ги најдете на следниот линк.

Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени во мај 2017 година.