ЕУ ќе воведува визи за Американците и Канаѓаните

MIAMI - JULY 2: U.S. Immigration Inspector Eligio Perez (R) checks the passports of a family July 2, 2002 at Miami International Airport in Miami, Forida. Inspectors are using the new multi-agency DataShare database, which gives not only biographic information, but also pictures of visa holders. At more than 300 ports of entry across the U.S. the new system is being used for visa holders who receive their documents at consular posts around the world. While information on immigrant visas has been available through DataShare since 1995, information on temporary visitors, or non-immigrants, has been widely available on DataShare only since January of this year. The addition of non-immigrant information to the DataShare system was put on a fast-track immediately following the September terrorist attacks. (Photo by Joe Raedle/Getty Images)

Европската унија ја разгледува можноста за воведување визи за државјаните на Канада и САД, дури и ако тие само сакаат да допатуваат во Европа за кратко време. Причина за ова е фактот што на некои граѓани на ЕУ, сè уште им треба виза за да патуваат во овие две земји. Иако на Канаѓаните и Американците им треба само пасош за да ја посетат ЕУ, на граѓаните на Хрватска, Полска, Кипар, Бугарија и Романија им треба виза за да патуваат во САД, а на Бугарите и Романците им треба виза и за посета на Канада.

Европската унија инсистираше САД да ја прошират листата на европски земји чии граѓани ќе можат да патуваат без визи, во спротивно, ЕУ ќе воведе визи за американските патници.
„Целта е да се постигне целосно укинување на визниот режим, по пат на реципроцитет за граѓаните на сите земји-членки. Тоа е приоритет за Европската унија“, рече Мина Андреева, портпарол на Европската комисија.

На ова одговори претставник на Стејт департментот кој рече дека САД имаат отворен дијалог со секоја од земјите за кои сè уште важи визниот режим и го следат нивното напредување.

Визната политика на Канада исто така не го почитува правилото на реципроцитет. На Бугарите и Романците сè уште им е потребна виза за патување во Канада, иако Канаѓаните во овие две земји патуваат само со пасош.

Од Европската унија, само две земји-членки одбиваат да се придружат кон заедничката визна политика на ЕУ, а тоа се Велика Британија и Ирска. Доколку ЕУ воведе визи за Американците, тие сепак ќе можат да патуваат во овие две држави без виза.

Органите на Европската унија разговараа за предлогот за воведување визи за САД и Канада, но одлучија ова прашање да го одложат до ова лето. Европската комисија и извршниот директор на Европската унија, го одредија 12 јули како краен рок кога Европскиот парламент ќе даде предлог како да се постапи понатаму.

По истекот на рокот, Комисијата може да започне со процесот на спроведување визи за Канаѓаните и Американците. Сепак, оваа одлука нема да стапи на сила веднаш, бидејќи Европскиот парламент и поголемиот дел од владите, ќе имаат рок од шест месеци да го запрат процесот.