Измамата наречена One Coin

OneCoin беше една првите криптовалути која стана хит на Балканот пред нешто повеќе од две години кога многу корисници, вклучувајќи и македонски граѓани решија да вложат пари со суми од 50 евра па нагоре. Сепак, долгите години на чекање за официјализирање на оваа дигитална валута ги крена алармите на истражните органи.

Специјалниот јавен обвинител од Бугарија исто така се вклучи во истрагата против OneCoin врз основа на сомнежи дека станува збор за пирамидална измама која може да оштети голем број на инвеститори. Канцелариите на OneCoin во Софија веќе беа под рација на бугарската полиција по налог на СЈО и се очекува покренување на обвинение.

На сите македонски инвеститори кои вложиле пари во OneCoin им советуваме да преземат соодветни мерки пред домашните истражни органи.

Истрагата е интернационална и во неа се вклучени повеќе органи од европски држави меѓу кои и Германија со координација преку Европол. Еден од основачите на OneCoin Ружа Игнатова веќе се соочува со обвиненија за измама

Константин Игнатов еден од основачите на OneCoin , призна дека OneCoin е измама, и се изјасни како виновен по неколку обвиненија, помеѓу кои се и перење на пари и измама. Сепак она што сите ги интересира повеќе е каде е „крипто кралицата“, неговата сестра Ружа Игнатова. Ова прашање засега останува без одговор.

Основачите на OneCoin од своите жртви успеаја да приберат над 4 милијарди долари.

Засега каде е Ружа е мистерија, но последните вести се дека адвокатот на OneCoin Мајк Скот за Игнатова испрал 400 милиони долари, и за ова наплатил 50 милиони, пренесе law360.

Во сведочењето за прв пат дознавме дека основачката на крипто-валутата OneCoin исчезнала со 500 милиони долари. Единствен показател за можната локација е шпекулацијата дека познава моќни луѓе од руското подземје, иако ниту за ова нема никаков доказ.

Крипто валутата досега успеала од своите поддржувачи да собере на 4 милијарди долари. Иако основачите ја претставуваат како крипто валута. Полицијата вели дека станува збор за повеќеслојна маркетинг шема која функционира како класичен „понзи“. Поточно мрежата има приходи за последните членови се додека има нови членови.

Повеќе можи да прочитате тука