И Норвешка е друга планета

На пример, затворот Халден (максимално обезбеден) ги охрабрува чуварите да се дружат со затворениците, со спортови, јадење заедно и други активности. Целта е да се спречи агресија од двете страни и да се создаде чувство на фамилија.

1. За новите книги:
Кога ќе се објави книга во Норвешка, мора да помине контрола на квалитет, по што 1000 примероци (1550 ако е детска) се дистрибуираат по библиотеките ширум земјата. Ова не само што ги поддржува издавачите, туку им помага и на писателите што почнуваат кариера. Не само тоа – книгите се исклучени од данокот на додадена вредност.

2. Замисли имаш фонд на располагање и не го трошиш на ГЛУПОСТИ:
Иако нафтениот фонд на Норвешка е над 1 трилион долари, трошат само 3% годишно, затоа што штедат пари за следната генерација.

3. Sирнете авионски карти:
Свалбард е една од најуникатните области на светот – главно затоа што е единствено место каде што не ти треба виза за да живееш. Ова значи дека секој може да работи и да живее на архипелагот, без разлика на државјанството.

4. Замислете го ова кај нас:
За да научи повеќе за мислењето на гласачите, норвешкиот премиер Јенс Столтенберг тајно работел како таксист во 2013.

5. …
Затворот Халден (максимално обезбеден) ги охрабрува чуварите да се дружат со затворениците, со спортови, јадење заедно и други активности. Целта е да се спречи агресија од двете страни и да се создаде чувство на фамилија.

6. А бе!
Приходот на најбогатите Норвежани е јавна информација за да им биде потешко да избегнуваат даноци.

7. Ние не сме така строги со такви небитни работи:
Од 2007, Осло има најстроги правила за рекламирање во светот. Производителите на автомобили не смеат да користат зборови како „зелено“ или „чисто“, бидејќи автомобилите не прават ништо добро за околината.

8. А бе, еј!
Во 2006, Норвешкиот апелационен суд има пресудено дека стриптизот е форма на уметност и се е ослободен од ДДВ.

9. „Што правиш? -Гледам телевизија.“
Во 2009, норвешкиот национален сервис емитувал 7-часовен сегмент од патување со воз од Берген до Осло. Оттогаш, овој тип на навидум досадни програми стануваат сѐ попопуларни – 12 часа плетење, 60 часа хорско пеење и слични емисии.

10. Да не биде дека немаат:
Меѓу 1956 и 1958, Норвежаните имале национален бренд автомобили наречени Трол. Само 5 биле направени и сега се по музеи.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО