МАЛКУ ЌЕ ВЕ БОЛИ РАКАТА, А МОЖЕН Е И ЗАМОР И ГЛАВОБОЛКА – еве кои се малите несакани ефекти од вакцините против ковид

Експерти од Американската медицинска асоцијација ги наведоа непосакуваните ефекти од вакцината против коронавирусот на американските компании „Модерна“ и „Фајзер“. 

Тие истакнаа дека двете вакцини имаат непријатни, но безопасни непосакувани ефекти на кои пациентите треба да бидат подготвени.

Доброволците кои учествуваа во испитувањето на вакцината на компанијата „Модерна“ како единствен непријатен ефект ја наведоа болката на местото на убодот при вакцинирањето.

По примањето на првата доза од вакцината, тој непосакуван ефект го пријавиле 2,7 отсто од пациентите. По втората доза 9,7 отсто од вакцинираните чувствувале замор, 8,9 отсто болка во мускулите, а 5,2 отсто се жалеле на болка во зглобовите. Уште 4,5 отсто од пациентите по вакцинирањето имале главоболка, а 4,1 отсто се жалеле на болка кај местото на убодот.

Вакцината на компанијата „Фајзер“ предизвикала главоболка кај отприлика четири отсто од вакцинираните по примање на втората доза. Пациентите не се жалеле на други непосакувани ефекти од вакцината.