Меркел: Заборавете на забави и масовни дочеци на Нова година

Светлото на крајот од тунелот е се уште многу оддалечено, рече Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денес ги повика граѓаните дисциплинирано да се придржуваат до новите мерки за затворање воведени денес и ги намали надежите дека по четири недели, колку што мерките би требало да останат на сила, би било возможно враќање во нормала.

-Ние мораме да се подготвиме за Божиќ во сенка на коронавирусот. Но тоа не мора да биде Божиќ на осаменоста, рече Ангела Меркел по состанокот на „корона кабинетот“.

Таа најави и дека нема да има ниту вообичаени дочеци на Нова година.

-Неконтролираните забави или масовни дочеци на Нова година нема да бидат возможни. Светлото на крајот од тунелот се уште е многу оддалечено, кажа Меркел.