Најдобрите држави за живеење во светот

Здравствениот систем, образованието, инфраструктурата и можноста за вработување се најдобрите показатели колку една држава „стои цврсто на нозе“.

После обемното истражување во кое учествуваа над 15.000 испитаници, InterNations состави список од 21 земја каде најубаво и најквалитетно се живее.

1. Тајван

Тајван се најде на врвот на овој список, а најмногу пофалби доби токму од анкетираните жени. Според нивните зборови – оваа земја е дефиниција за квалитетен живот.

2. Австрија

Најсилни адути на Австрија се здравствениот систем, образованието и одличната инфраструктура.

3. Јапонија

Најголемиот плус за Јапонија е инфраструктурата во градовите. Пофалби добија и нивниот здравствен систен, но и мирниот начин на живот.

4. Шпанија

Четвртото место на списокот Шпанија го „заработи“ заради својата богата култура, како и односот на локалното население кон странците.

5. Костарика

Костарика се опишува како земја во која се чувствувате како дома.

6. Малта

Малта е многу популарна заради временските услови и локалната култура.

7. Чешка

Чешка предничи по едноставната  достапност на високото образование, евтините градинки за децата и не многу скапиот животен стандард.

8. Сингапур

Сингапур на поранешните истражувања се наоѓал на повисока позиција, но во меѓувреме се спушти на пониско ниво на списокот заради порастот на животните трошоци.

9. Германија

Земја која најмногу поени на ова истражување доби заради работните понуди и можности за напредување.

10. Швајцарија

Стабилна и развиена земја. Проблем се  големите  животни трошоци.

11. Јужна Кореја

Се истакнува по модерната архитектура и деловните можности.

12. Канада

Канада честопати ја нарекуваат и земја на безгранични можности и безбеден живот.

13. Нов Зеланд

Нов Зеланд нуди слични животни услови како Австралија, но со подобар здравствен систем и пониски трошоци за живот.

14. Португалија

Португалија често се опишува како „дестинација од соништата“. Најголем број испитаници навеле дека таму би сакале да го поминат животот.

15. Франција

Предностите на Франција се културата, пристапноста до високо образование и неделното работно време.

16. Австралија

Австралија е опишана како најдобар избор за семеен живот.

17. Луксембург

Луксембург од една страна е многу скап за живот и главно се живее на кредит, но од друга страна има висока стапка на вработеност, преубава земја е и има одличен образовен и здравствен систем.

18. Еквадор

Еквадор стигна на овој список заради големиот број пофалби од луѓето кои веќе ја посетиле. Најголемиот проблем е јазичната бариера, доколку планирате подолго да останете таму.

19. Финска

Финска е многу почитувана земја заради образовниот систем и функционалниот здравствен систем.

20. Унгарија

Унгарија е привлечна заради ниските трошоци за живот, но можноста за вработување не е доволно стабилна.

21. Данска

Во Данска работната недела трае 39 часа. Оваа земја се најде на дното на овој список заради недоволниот број градинки за деца.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.