Најнови информации во врска со правилата околу патувањето во Германија

Република Македонија од 22.08. 2021 година е класифицирана како област со висок ризик.

Сојузната влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Република Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин). Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако донесете доказ за вакцинација или дека сте прележани преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме,  во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

  1. Ограничувања за влез за патници од Македонија
    Лица над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (види листа на Институтот Пол Ерлих), и се потполно вакцинирани, смеат  да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид горенаведените обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција.
  2. Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа
    Ве молиме, пред можниот влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, да се информирате кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави. Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).
  3. Лицата кои патуваат итно се советуваат внимателно да се информираат за актуелно важечките правила за обврската за тестирање и карантинот на веб страната на Министерството за здравство на Германија.