Новата банкнота од 50 евра од денес пуштена во оптек

Централните банки во еврозоната од денес ја пуштија во оптек новата банкнота од 50 евра. Од Европската централна банка (ЕЦБ) соопштија дека оваа банкнота како една од најфалсификуваните банкноти воопшто, ќе добие поголема заштита и ќе биде потешка за фалсификување.

Ова е четврта евро-банкнота од т.н. „Серија Европа“, по банкнотите од 5, 10 и 20 евра. Следните нови банкноти ќе бидат оние од 100 и 200 евра, а се очекува да бидат пуштени на почетокот од 2019 година.