Остануваат олеснувањата за работниците од Западен Балкан во Германија

“Германско правило“ за Западен Балкан за вработување треба да остане на сила до 2023 година, пишува Дојче веле и наведува дека граѓаните од Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово ќе можат да одат во Германија независно од стручна подготвеност.

“Олеснувања кога станува збор на правила за одење во Германија на граѓани од Западен Балкан се продолжени“, пришува Frankfurter Algemajne Cajtung (FAZ).

Во нацрт уредбата во која листот имал увид наведено е работната сила од Западен Балкан во наредните три години треба да има олеснет пристап на германскиот пазарен труд.

После долгите преговори во владеачката коалиција, министерот за труд предложил Нацрт уредба со која тоа се регулира и ја испратил на гласање кај останатите министри.

Нацртот предвидува за т.н. Правило за Западен Балкан од 2016 година која истекува во декември ова година, да биде продолжен до 2023 година. Но, предвидена е нова горна граница: годишно во земјата на тој олеснителен начин од регионот смеат да влезат најмногу 25.000 луѓе.

Во позадина на таа одлука се дилемите на домашните политичари во ЦДУ кои на почетокот одбивале секое продолжување на тие правила.

Минатата година германските претставништа во странство врз база на тоа правило издале вкупно 27.000 работни визи стои во нацрт уредбата, наведува листот.

Од истражување на институтот за пазар на труд и истражување на занимања, покажале дека лицата од Западен Балкан во просек имаат 12 евра и дека само еден отсто од нив во Германија се невработени или им е потребна помош.