ПАДНА ДОГОВОР: Германија добива влада, „семафор коалицијата“ има начелен договор

Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, тврди агенцијата АФП.

За потсетување, кандидатот на Социјалдемократската партија за канцелар, Олаф Шолц, неодамна објави дека Германија ќе ја добие владата најдоцна до Божиќ.

По денешната рунда преговори, преговарачите рекоа дека ќе препорачаат раководствата на партијиите да влезат во коалициските преговори.

„Ова ќе биде најголемиот проект за индустриска модернизација што Германија го спроведе во изминатите 100 години“, рече на прес -конференција кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц.

Тој пренесе дека е договорено дека роковите за сите постапки мора да се скратат, дека ќе се изврши повлекување од моделот на користење јаглен, односно транзиција кон електрани на гас. Исто така, беше договорено дека задолжувањето мора да се прекине. Тие исто така се изјаснија против ограничувањето на брзината во сообраќајот со брзина од 130 километри на час.

Во заедничкиот документ се наведува дека трите страни се убедени дека можат да склучат амбициозен и одржлив коалициски договор.

„Последните денови беа обележани со посебен политички стил“, рече шефот на ФДП, Кристијан Лиднер.

Тој посочи дека договорот дава шанса за модернизација којашто ја немало долго време. Копретседавачот на Зелените Роберт Хабек рече дека договорот предвидува идни инвестиции, заштита на климата и дигитализација. Вториот приоритет е договор за модернизација на општеството. За да се донесе конечна одлука за почеток на преговори за коалиција, потребно е Зелените да одржат „мал“ конгрес, а другите две партии да се сретнат со Претседателството и Главниот одбор.

Во секој случај, „коалицијата  семафор“ ужива поддршка од 62% од Германците, покажуваат анкетите на јавното мислење. По повеќе од 16 години, Германија ќе добие влада без ЦДУ, со враќање на СПД на чело на државата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија