Парични награди за совесните возачи во Германија

Feeling safe in new car.

Најголемата германска осигурителна компанија, нуди еден уникатен начин за враќање на парите од осигурувањето – едноставно треба да бидете добри возачи и да возите безбедно.

„Со BonusDrive апликацијата, го носиме автомобилското осигурување во дигиталната ера“, вели Френк Зомерфелд, член на одборот на Алијанц.

Компанијата изјави дека овој потег најмногу ќе им помогне на младите луѓе на возраст до 28 години, кои често треба да плаќаат високи трошоци за осигурување. Доколку ја користат оваа апликација, можат да заштедат 10% од осигурителната премија, откако ќе надминат 100km во возење. Одговорните возачи според оценките од апликацијата, можат да бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали, штом ќе ја достигнат крајната дестинација.

На крајот од годината, возачите ќе бидат оценети во целост. Со златниот медал тие ќе бидат наградени со 30% од премијата, сребрениот носи 20%, а бронзениот 10%.

„Сметаме дека особено за младите луѓе, ова навистина е фер понуда“, рече Зомерфелд. „Со тоа ќе ги поттикнеме да возат безбедно и совесно, а пониската осигурителна премија е одлична мотивација.“, додаде тој.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО