Пасошот за вакцинација е најпродаваната фалсификувана стока во Германија

Државното обвинителство во Минхен соопшти дека пасошот за вакцинација е најбараната фалсификувана стока. До тој фалсификат може да се дојде и преку онлајн-платформи како „Телеграм“.

– Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против ковид-19 се меѓу високи двоцифрени и ниски троцифрени бројки – стои во соопштението.

Постојат и „акции“ за оние што порачуваат повеќе од еден пасош.

Германската полиција посочува дека тие пасоши може лесно да се фалсификуваат бидејќи бланко-пасошите можат да се порачаат легално, а печатот од лекарот лесно се добива.

Германците што ги фалсификуваат пасошите за вакцинација го преземаат потребниот сериски број на вакцината од фотографии на лица што се вакцинирале и се пофалиле на социјалните мрежи.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија