Прилепските ученици на меѓународна размена во Швајцарија

Од 13 до 27 октомври, 40 прилепски ученици (16 од ООУ „Кочо Рацин“, 16 од „Климент Охридски“ и осум од „Блаже Конески“) со своите супервизори Елена Апостоловска, Гоце Бумбароски, Мартина Ристеска, Сашо Петрески и Наташа Димеска се дел од првата меѓународна интеркултурна размена по пандемијата на ковид-19 во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија. Оваа размена е дел од проектот за имплементација на Конвенцијата на правата на детето преку различни форми на ученичко учество, проект што се реализира во соработка со „НВО Коалиција СЕГА“ и фондацијата „Песталоци“ од Швајцарија. Покрај македонските ученици, во Троген престојуваат ученици од Молдавија и од Германија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО