Работна виза за Америка

За да аплицирате за имигрантска виза врз основа на вработување, следете ги следниве чекори на процесирање на имигрантска виза на usvisas.state.gov

Откако подносителот на барањето, носителот на визата или избраниот агент добие известување со закажан датум за интервју од Националниот Центар за Визи (NVC) за апликанти за имигрантска виза и од Конзуларниот Центар во Кентаки (KCC) за апликанти за виза преку лотаријата, сите апликанти поединачно мора да го регистрираат нивниот датум за интервју и за DHL курирската служба со цел да им се врати пасошот по завршувањето на нивната процедура и/или за доставување на дополнителни документи ако тоа го побара конзуларниот службеник. Следете ги овие чекори:

  1. Креирајте корисничка сметка;
  2. Изберете “Регистрирај се”;
  3. Изберете “Добив датум за интервју од Националниот Центар за Визи (NVC), Kонзуларниот Центар во Кентаки (KCC) или Kонзуларниот оддел и добив инструкции да го регистрирам мојот термин на оваа страница”;
  4. Продолжете со избор од паѓачкото мени “Морам да регистрирам термин за имигрантска виза”;
  5. Пополнете ги личните податоци и Вашиот број на предмет *;
  6. Изберете ја филијалата на DHL кадешто сакате да ви се испрати пасошот по завршувањето на Вашиот предмет и/или сите доставени документи ако тоа го побара конзуларниот службеник;
  7. Изберете “Продолжи” и потоа “Заврши регистрација”;
  8. Отпечатете ја потврдната страница “Упатства” и донесете ја заедно со сите други документи во Конзуларниот оддел. Визата не може да се издаде без оваа регистрација.

* Доколку за време на Вашата регистрација добиете порака: “Дадениот број на предмет за имигрантска виза не е подготвен да закаже состанок”, дозволете уште неколку дена сé додека Вашиот број не се вчита на веб страната. Ова обично се случува затоа што сте добиле писмо за закажано интервју пред да се испрати Вашиот електронски предмет во Конзуларниот оддел. Мора да се обидете повторно да се регистрирате во наредните денови, но ВАЖНО е да бидете регистрирани пред закажаниот датум на интервју.