Со која вакцина може да патувате во Германија?

Епидемиолошката ситуација во Германија се влоши, како и поголемиот дел во Европа. Германија ја стави нашата држава на црвената листа. На оваа листа се наоѓаат и Австрија, Србија, Белгија, Грција, Холандија, Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора.

Поради тоа е воведен задолжителен карантин во траење од 10 дена кој може да се скрати по 5 ден доколку се прикаже негативен тест.

Во земјата може да влезете со негативен ПЦР тест или брз тест, потврда за вакцинација или потврда за прележан коронавирус.

Во Германија се признаени следните вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca, J&J, a неопходно е да се поминати најмалку 14 дена по примање на последната доза. Овие правила ќе важат до 15 јануари 2022 година.

На децата под 12 години им е дозволен влез во Германија, но со еден родител кој е целосно вакциниран. Децата ќе останат во 5-дневен карантин.

Сите правила за влез во Германија може да ги погледнете ТУКА.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО