Стипендии во Кина за додипломски и магистерски студии

Владата на Народна Република Кина за академската 2015/2016 година доделува 1 (една) стипендија за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на државните универзитети во Народна Република Кина.

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во три примероци:

– Пријавен лист (пријавувањето е онлајн на www.csc.edu.cn/laihua или на www.campuschina.org, агенциски број 8071/пополнетиот формулар се доставува и во министерството).

– Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

  • Фотокопии од дипломата за завршено високо образование (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

  • Фотокопии од уверението за положени испити (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик и заверено на нотар,

  • План за студиите (до 200 зборови за редовни студии, до 500 зборови за специјализации) и до 800 зборови за магистерски студии,

  • Две препораки од универзитетски професори (магистерски студии и специјализации),

  • Кратка биографија,

  • Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации прочитајте на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

  • Лекарско уверение (образецот се добива во Министерството),

  • Потврда за познавање на англиски или кинески јазик (HSK сертификат),

  • Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи,треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

Краен рок за пријавување е 10. 05. 2015 година.

Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk.

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2015 год.

Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.