Швајцарија со нови банкноти од 2016

Швајцарската национална банка (СНБ) објави дека планира да ги пушти новите банкноти во април следната година – шест години подоцна од првичниот план, поради техничките проблеми околу снабдувањето со хартија.

Новата банкнота од 50 франци ќе биде пуштена следната година, а по неа ќе следи банкнотата од 20 франци која ќе биде пуштена во 2017 година. Банкнотите од 10, 100, 200 и 1.000 франци, ќе бидат издадени во полугодишни или годишни интервали до 2019 година, се вели во соопштението на СНБ.

Ова ќе биде деветтата серија на банкноти издадени од страна на СНБ, откако започнало производство во 1907 година.

Но, последната серија наиде на проблеми и одложувања на конкурсот за дизајн на банкнотите. Имено, победничкиот дизајн на уметникот Мануел Кребс, се состоеше од крвни клетки и ембриони, но поради противењето на јавноста беше избран друг дизајн.

swiss_banknotes_1

На крајот избран беше дизајнот на Мануела Фундер, која во првичното оценување го доби второто место на натпреварот.

За разлика од досегашните банкноти, дизајот на Фундер не се слики на познати луѓе од Швајцарија. Банкнотата од 50 франци има слика со планина и луѓе кои пешачат, а на задната страна го има сонцето. Банкнотата од 10 франци содржи слики со скијачи, а останатите банкноти се украсени со пеперутки, снежни кристали и брановидни линии. Точното значење на сите овие слики ќе биде откриено во 2016 година, кога ќе биде пуштена новата банкнота од 50 франци.

GS

Според извештајот од 2011 година на Универзитетот во Лозана, швајцарските франци се најмалку фалсификувани, за разлика од еврото, американскиот долар и британската фунта.