Швајцарците изгласаа – Се забранува носење бурка и нихаб.

Нешто повеќе од 51 отсто од швајцарските гласачи на денешниот референдум го поддржаа предлогот на екстреманата десница во земјата за забрана за носење никаб и бурка.

Забраната ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места, како што се рестораните, спортските објекти, јавниот превоз или при одење.

Исклучок може да биде носењето никаб и бурка во верските објекти или од безбедносни и здравствени причини, како што се носење маски за заштита од коронавирусот.

Швајцарската Влада се спротивстави на мерката посочувајќи дека покривањето на лицето е „маргинално“ социјално прашање и предупреди дека туризмот ќе биде загрозен бидејќи повеќето жени кои туристички доаѓаат во Швајцарија доаѓаат од богатите арапски земји, во кои жените го покриваат лицето.

Предлагачите на законот тврдат дека носењето шамија на лицето ја симболизира репресијата врз жените и дека се неопходни мерки за да се одржи принципот на покажување на лицето во слободно општество, какво што е Швајцарија