Што добиваме од заводот за вработување во Германија

Што се може да ни понуди заводот за вработување на Германија? Кои се неговите услуги? Како можеме да го искористиме нашето законско право да го користиме заводот за вработување кога веќе плаќаме пари за Arbeitslosenversicherung?

Што е Arbeitsamt?

Едноставно кажано, Arbeitsamt е агенција за вработување во Германија, управувана од сојузната република, а нејзиното официјално име е Bundesagentur für Arbeit.

Тоа е јавен сервис што ги поврзува работодавачите и барателите на работа и нуди помош при изборот на професионална кариера. Една од најдобрите работи за институцијта е нивниот портал за работа (Jobbörse). 

Проблемот со Jobbörse е што иако имате опција да пребарувате на англиски, сепак ви треба германски кога внесувате информации.

Покрај Jobbörse, во претходните текстови имам напишано како да пронајдете работа во Германија и како таа да ве пронајди вас!

Какви услуги нуди Arbeitsamt (Служба за вработување)?

Пред да побарате некоја од услугите на Arbeitsamt, од суштинско значење е прво да се регистрирате во една од канцелариите, кои се достапни во секој град.

Услугите што ги нуди Службата за вработување во Германија за странци обично се вртат околу 4 ситуации:

  • по пристигнување во Германија, кога барате работа – аплицирате заводот за да добиете совет за вработување и да можете да ги користите нивните услуги
  • кога знаете дека вашето вработување ќе заврши за 3 месеци – мора да се пријавите во заводот, за да ги имате правата што ви припаѓаат (повеќе за надоместоците за невработеност подолу)
  • ако добиете отказ во Германија – ако сте работеле на работа каде што сте плаќале осигурување за социјално осигурување и невработенос.
  • кога ви треба советување за нострификација на диплома – заводот за вработување ви нуди советодавни услуги во врска со признавањето на вашата диплома, а тоа советување е покриено со трошоците што ги плаќате од вашата плата

Што кога ќе дојдеме во Германија?

Кога првпат доаѓаме во Германија, паметно е да аплицираме во заводот за вработување, бидејќи на тој начин можеме да ги користиме нивните услуги. Ние аплицираме како баратели на работа, а потоа Arbeitsamt ни овозможува да аплицираме за нивниот портал за барање работа.

Има 3 услуги за избор (преземени од Бирото за вработување), a тoa се

  • Барате советување,
  • барате работа
  • ако сте невработени

Барате совет

Тука спаѓаат сите кои сакаат да започнат веднаш со работа. Можете да побарате совет за да видите каква е ситуацијата со вашите вештини и пазарот на трудот и советите што ви ги даваат: во врска со изборот на кариера, ако ви треба помош за да аплицирате за работа, ако не сте сигурни која кариера е добра за вас , ако имате проблем да се вратите на пазарот на трудот.

Тие што се пријавуваат како баратели на совет не се регистрирани како невработени. Кога прв пат пристигнав во Германија веднаш отидов во заводот за да се распрашам за моите опции. Иако не знаев германски, вработените ми помогнаа најљубезно на англиски јазик.

Баратели на работа

Барателите на работа во Германија ( сите ) кога ќе дојдат имаат избор да аплицираат како баратели на работа

Невработени

Тоа се сите луѓе кои се веќе регистрирани во заводот и бараат работа што е минимум 15 часа неделно (Minijob не се брои). Важно е дека веќе сте се регистрирале во заводот претходно.

Потребни документи се: име и презиме, адреса (на која имате регистриран престој во Германија), виза или дозвола за престој ако сте надвор од ЕУ, датум на раѓање и ваша биографија на германски јазик. Потоа ќе добиете прашалник што треба да го пополните, најчесто по пошта, и ќе го испратите назад во заводот така што кога ќе имате состанок, вашиот советник е подготвен за вас.

Исто така можете да ги контактирате на бесплатниот број (0800 4 5555 00)

Како институтот помага при нострификација?

Институтот помага при нострификација со тоа што ви дава совети што ви се потребни за најуспешен можен процес, така што вашата нострификација не трае долго. За тоа подетално имам напишано овде.

Што со надоместокот за невработени

Кој има право на надоместок за невработеност (Arbeitslosengeld 1)?

Ако се најдете во ситуација кога ја губите работата или ви се заканува необнова на договорот, Службата за вработување на Германија ви доаѓа на помош во форма на надоместоци за невработеност.

Кој воопшто има право на надоместок за невработеност?

Лицата кои платиле придонеси од нивната плата на работа што траела минимум 15 часа неделно (и работеле најмалку 12 месеци од 30 (боледување и родителско отсуство не се сметаат) имаат право на надоместок за невработеност.

Имајте на ум дека ако дадете отказ од работа во Германија, најчесто нема да добиете надоместок за невработеност.

Ако одбиете работни понуди или обуки и специјализации, вашиот приход може да се намали, па дури и да се укине.

Можеме ли да префрлиме пари за невработеност од нашата држава во Германија?

Ако случајно сте работеле во една од земјите на ЕУ (или Швајцарија) и имате право на надоместок за невработеност, тие пари може да ви бидат исплатени преку германскиот завод во следните 3 месеци (во зависност од земјата каде што сте работеле)

По правило, мора да бидете невработени 4 недели во земјата каде што работевте, а потоа, кога ќе пристигнете во Германија, извадете го образецот PD U2 и поднесете барање до заводот со него во рок од 7 дена.

Како да аплицирате за Arbeitslosengeld 1 и колку пари да очекувате?

За да добиете бенефиции за невработеност (Arbeitslosengeld 1) мора:

  • аплицирајте како барател на работа – ако знаете 3 месеци однапред дека вашиот договор нема да биде продолжен, или дека ќе бидете отпуштени, мора да аплицирате во канцеларијата. Ако сте отпуштени одеднаш, тогаш мора да се регистрирате во рок од 3 дена (0800 455500)
  • пријавете се лично – не подоцна од завршувањето на работниот однос, мора да се регистрирате лично како невработени (понесете лични податоци, потврда за регистрација во институтот, виза или дозвола за престој за граѓани кои не се членки на ЕУ, ваша биографија и потврда за престанок на работниот однос
  • мора да го пополните формуларот за Arbeitslosengeld 1 (на германски јазик)

Очекувајте да добиете 60% од просечната плата во последните 24 месеци (67% ако имате деца), од кои ќе ви се одземе здравствено осигурување, пензиско осигурување, осигурување од невработеност, Pflegeversicherung и даноци. Исто така ќе можете да поднесете барање за враќање на данок кога ќе добиете надоместок за невработеност.

Ако нашиот водоводџија Иван чија што плата е 3136 евра, нема деца и е даночна класа 3, заврши во заводот за вработување, да видиме колку ќе добие:

Ставки на плататаМесечно Ниво
Бруто плата1882 €
Solidaritätszuschlagнема
Kirchensteuer 0 €
Lohnsteuer 0 €
Вкупно даноци 0 €
Rentenversicherung 174,93 €
Arbeitslosenversicherung22,57 €
Krankenversicherung147,66 €
Pflegeversicherung33,39
Вкупно социјални давачки378,55 €
Нето Плата1502,45 €

Бидејќи нашиот Иван е во Steuerklasse 3, тој не мораше да плаќа даноци за оваа плата. Ако случајно бил во даночна класа 1, неговиот приход би бил намален за данок од 150 евра (извор: пресметувач на плата).

Еве табела за да знаете колку долго Иван може да ги добива тие пари (и колку долго Вие можете да ги добивате тие пари):

Стаж во месециСтаросен МинимумМесеци примање на пари
12 6
16
20– 10 
24 12 
30 5015
365518
485824

Како изгледа социјалната помош во Германија – Hartz IV?

Ако случајно не можете да добиете надоместок за невработеност (Arbeitslosengeld 1) или ако не можете да обезбедите пристоен живот за себе и за вашето семејство со вашите приходи, тогаш имате право на Hartz IV, вид на социјална помош.

Овие пари се дадени и како додаток на оние луѓе кои заработуваат многу мала плата.

Ваков вид социјална помош добивате ако имате минимум 15 години и максимум од пропишаната возраст за пензионирање, ако можете да работите најмалку 3 часа неделно под „нормални услови“ ако не можете да заработите доволно за себе и за вашето семејство.

Добивањето на овој вид помош ве обврзува да започнете програма за интеграција и да се вратите на работа што е можно поскоро, што вклучува обука и работни

Ако одвивате работни понуди или обуки и специјализации, вашиот приход може да се намали, па дури и да се укине.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија