Љубовните проблеми ја чинат Германија стотици милиони евра

Љубовните проблеми болат. Расправии со партнерот, раскинување или прељуба – сето тоа може да предизвика непроспиени ноќи, поради што човек не би бил во состојба да оди на работа.

Резултатите од анкета спроведена меѓу возрасни корисници на интернет во Германија покажа дека еден од шест испитаници барем еден ден отсуствувал од работа поради расправија со партнерот или поради „љубовни проблеми“.

Под претпоставка дека 16 отсто од анкетираните поради „љубовни проблеми“ останале дома барем еден ден, бројот на отсуства од работа во Германија е најмалку 6,6 милиони годишно, што резултира со дефицит во производните активности од околу 774 милиони и загуби од над 1,4 милијарда евра бруто-додадена вредност.

Со други зборови, кога љубовта боли, таа може да ја чини државата милијарди.

Пресметките се базираат на податоци за вкупно 40,61 милиони вработени и податоци за просечниот годишен финансиски надомест од 42,984 евра.

Истражувањето било спроведено од Институтот „Фиткау и Маас консалтинг“ од Хамбург, по нарачка на интернет-агенцијата за социјални истражувања „Елит-Партнер“.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО