Не бегаат младите за да печалат пари, туку…

Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари?
И да. Ама и не.

– Бегаат од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката. – Бегаат од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ. 

– Бегаат од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат наместо него со диплома од факултет. – Бегаат од нашите болници каде чека со саати, каде го фрлаат да лежи на кревет покриен со партали и каде оди во ве-це кое повеќе личи на полско отколку на болничко. – Бегаат од нашите шалтери каде некултурни се буткаат преку ред, а дотраени и дрски работници го услужуваат од другата страна.

– Бегаат од нашите маркети каде продавачките секогаш несакајќи грешат во куцање со еден артикал повеќе, никогаш помалку. – Бегаат од нашите служби каде пред нос луѓе со врски се пикаат пред него во канцеларија, додека тој чека со бројчето во рака. – Бегаат од нашите судови каде плаќа казна за фрлено влажно марамче на улица во една судница, додека во другата ослободуваат човек кој ја претепал жена му.

Бегаат од нашите институции каде не може да поднесе да работи додека му шефуваат неписмени шефови, а некој друг седи дома и зема плата за истата работа. – Бегаат од валканите улици… – Бегаат од уличните кучиња… – Бегаат од патеките без корпи за отпадоци… – Бегаат од преполнетите контејнери… – Бегаат од затруеноста со политика… – Бегаат од коцкарниците и обложувалниците… – Бегаат од лажливите политичари…

– Бегаат од отровниот воздух… – Бегаат од малограѓанштина… – Бегаат од мито и корупција… – Бегаат од отсуство на морал… – Бегаат од селективна казнивост… – Бегаат од неодговорност… – Бегаат од лаги… – Бегаат од измами…
– Бегаат од неправда…

БЕГАат од се! Зошто сака да се чувствува корисен, да почитува закони во држава во која сите ги почитуваат и имаат еднаков третман, зошто сака да биде почитуван и продуктивен, некој да му го вреднува вистински она што го знае и умее.