Што треба да направите ако добиете отказ во Германија?

Секој може да добие отказ денес. Времињата се променија, никој веќе нема сигурна работа до крајот на работниот век. Отпуштањето е навистина ужасно чувство – не, тоа не е само губење на месечнитена приходи, туку со тоа е загрозена нашата и егзистенцијата на нашите семејства.

Отпуштањето во Германија за нас странците е уште полошо. Зошто? Огромното мнозинство од нас не поседува имот. Ова значи дека и покрај тоа што останавме без приход тој месец, сепак мораме да платиме кирија и да покриеме низа други трошоци – ни се заканува ситуација кога буквално можеме да завршиме на улица.

Во денешната тема ќе објаснам што треба да знаете во случај на отпуштање во Германија, кои се вашите права и како да се заштитите.

Кои се валидни причини за отпуштање во Германија?

Постојат неколку причини зошто може да добиете отказ во Германија. Отпуштањето од работодавачот мора да биде „социјално оправдано“. Оправдувањето за отпуштање може да произлезе од самиот вработен, неговото несоодветно однесување или од промените во фирмата.

  • Отпуштање поради самиот работник важи во ситуации кога работникот повеќе не може да придонесува за подобрување на фирмата. Ова се однесува на ситуации кога поради физичка или ментална состојба работникот повеќе не е во можност да ја заврши работата, кога работникот е болен подолго време, постојано зема краткорочно боледување, кога способноста за извршување на работните задачи е намалена …
  • Отпуштање поради несоодветно однесување се однесува на ситуации кога работникот одбива да извршува работни задачи, лажира боледување, доцни на работа, краде, груб е во работата со колеги и клиенти, се однесува насилно…
  • Отпуштањето заради промени во компанијата се однесува на ситуации кога некои оддели, погони се затворени во рамките на компанијата, има пад на прометот, промена на начинот на производство…

Важно е да знаете дека отказ по ваша вина може да добиете само со претходно предупредување (Abmahnung), кое мора да се спомене во потврдата за отказ.

Која е разликата помеѓу редовното и вонредното отпуштање?

Главната разлика помеѓу редовното и вонредното отпуштање е во тоа што во случај на вонредно отпуштање (sofort kündigung) нема отказен рок. Во случај на редовно отпуштање, претпоставката е дека работникот може без проблеми да го изработи отказниот рок. Во случаи на вонредно отпуштање, логично е да се очекува дека не е можно продолжување на работниот однос и отказот стапува на сила веднаш.

Работодавачот може да му предаде вонредно отпуштање (sofort kündigung) на работник во ситуации кога работникот упорно одбива да ја изврши работата, лаже за способност за работа, не ги исполнува своите обврски, ги навредува колегите, доаѓа на работа во алкохолизирана состојба, сторил кривично дело …

Вонредно отпуштање (sofort kündigung) може да се добие само ако сте биле предупредени однапред за можноста за отпуштање (Abmahnung), освен во случај на кривично дело.

Колку е отказниот период во Германија?

Периодот на известување обично важи 2 до 4 недели, во зависност дали ви е даден на средина или на крајот на месецот (во зависност од тоа што пишува во вашиот договор).

Ова не важи во сите случаи, бидејќи постојат ситуации кога вашиот рок за известување може да трае до 6 месеци, но зависи од тоа колку долго сте во компанијата.

Што кога добиете отказ во пробниот период ?

Во повеќето случаи, пробниот период во Германија е 6 месеци. Во овој период, можно е да бидете отпуштени без образложение од работодавачот, па дури и без отказен рок.

Ако вашиот работодавец ви понудил договор за само 6 месеци и одлучи да ве задржи, тој мора да ви понуди нов договор по истекот на договорот, што е надвор од опсегот на пробниот период. Ова правило важи во случај вашата компанија да има повеќе од 10 вработени.

Доколку ве интересира како да пресметате колку вработени има во компанијата, земете во предвид дека само оние со полно работно време се сметаат за 1 лице, лицата кои работат до 30 часа се сметаат за 0,75 лица, а оние под 20 часа неделно како 0, 5 лица. Практикантите не се сметаат како вработени!

Ако случајно добиете отказ за пробен период, вашиот работодавец е должен да ви го исплати и годишниот одмор.

Како да си ја побарате платата ?

Мошне често слушам од нашиот народ дека имаат проблем со барање плата откако добиле отказ во Германија.

Според правилата, треба да испратите писмо до вашиот работодавец за да ви ја исплати платата во рок од 2 недели, на вашата банкарска сметка.

Важно е да видите колку ви е прецизниот рок (ausschließender Begriff), бидејќи само во тој период може законски да побарате исплата на плата.

Ако во вашата компанија има работнички совет (Betriebsrat), тогаш можете директно да контактирате со нив.

Ако, после сето ова, не успеете да ја добиете платата, тогаш сè што треба да направите е да поднесете тужба во Судот за работнички спорови (Arbeitsgericht). Список на овие судови по градови може да се најде тука

За жал, голем број наши луѓе во Германија се измачувани од проблемот со неисплаќање на нивната последна плата. Работодавачите честопати се обидуваат да го искористат нашето незнаење на јазикот, законот или нивните права и затоа ги оставаат нашите луѓе лишени мислејќи дека не можат да им направат ништо.

Најлошото во сето ова е што ретко се исполнува правдата. Освен отпуштањето, замислете колку е ужасно чувството кога со сето тоа, работодавецот ве полудува и не сака да ви ја исплати платата што ја имате и работевте цел месец.

Може ли поради неоправдано отпуштање да се поднеси тужба ?

Не е тајна дека нашиот народ честопати е неосновано отпуштен. Ваша должност е во тој случај да покренете постапка за оспорување на отказот во рок од три недели, без оглед на видот на отказот.

Можете да поднесете тужба самостојно, но ако има втора инстанца (работодавачот поднесе жалба против случајот), тогаш имате адвокат. Во прв степен, секој си плаќа свои судски трошоци, а адвокатите во Германија се многу скапи!

Мој совет е да имате осигурување од отказ и други ситуации во кои ќе бидете осигурани за само неколку евра месечно, односно тогаш осигурувањето ќе ги покрие трошоците на вашиот адвокат и трошоците за судење секој пат.

Сигурно можете да поднесете тужба и за да го оспорите отказот и ако сакате да добиете отпремнина. Во таква постапка, можете да се согласите со работодавачот за исплата на отпремнина. Сепак, судот не може да изнуди отпремнина, туку само да заклучи дека отказот е невалиден.

Синдикати

Синдикатите ги претставуваат и ги советуваат своите членови бесплатно доколку работниците биле во синдикатот минимум 3 месеци. Колку и да е лесно да се добие работа во Германија, толку е тешко да се добие неоправдан отказ, важно е само добро да се знаат правилата!

Што ако не сте во синдикат?

Ако не сте во синдикат, тогаш ви треба адвокат. Проблемот е што тогаш мора да го знаете јазикот.

Веројатно многу пати сте виделе како луѓето залудно бараат адвокати кои зборуваат на нашиот јазик во рамките на групите на Фејсбук.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија