Како до вработување во Дубаи без посредничка агенција

Дубаи е атрактивна дестинација за вработување кај Македонците, особено во последните неколку години.

Постојат повеќе македонски и странски агенции за посредување преку кои можете да добиете работа, но доколку сакате самостојно да најдете, можете да ги искористите веб сајтовите кои нудат директен контакт со работодавачите од Дубаи. Притоа, морате да внимавате, бидејќи според лично искуство на многумина, голем дел од тие сајтови се лажни (на пример http://www.dubaijobs.net/)

 Еден од безбедните сајтови каде може да аплицирате за работа во ОАЕ е следниот:http://www.catererglobal.com/

Сѐ што треба да направите е да се регистрирате на сајтот и да го прикачите Вашето CV, а потоа да аплицирате за некое работно место. На овој сајт најчесто се наоѓа работа во услужниот сектор. Откако ќе аплицирате за некое работно место, работодавецот ќе Ве исконтактира, а интервјуто се врши преку Skype. На интервјуто можете конкретно да се информирате за сите услови. Иако сѐ се прави врз основа на заеднички договор, најчесто работодавецот Ви ги плаќа патните трошоци, а Вие потпишувате договор за работа во времетраење од 1 или 2 години.

Македонските работници кои работат во ноќните клубови, се сместени во работни кампови на околу 15 километри од центарот на градот. Платите не се многу високи – на пример ако работите како обезбедување, ќе имате плата од околу 800 евра (без бакшиш, кој изнесува околу 50% од платата). Но, сметајте дека сместувањето е бесплатно, а патните трошоци до работното место се покриени бидејќи има организиран превоз. Исто така, за време на смената добивате еден бесплатен оброк.

За сите дополнителни детали, можете да се информирате на самото интервју.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија