Германија ги предупреди своите граѓани да го напуштат Иран

Германија ги предупреди своите граѓани да го напуштат Иран, велејќи дека постои ризик од ненадејна ескалација на постојните тензии на Техеран со Израел и дека Германците во Иран би можеле да бидат изложени на ризик од произволно апсење во земјата.

„Во постојните тензии, особено меѓу Израел и Иран, постои ризик од ненадејна ескалација. Не може да се исклучи можноста за зголемување на ескалации на воздушните, копнените и поморските патишта“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека особено загрозени се оние кои имаат двојно државјанство – германско и иранско.

„Германските граѓани се изложени на специфичен ризик да бидат случајно уапсени и испрашувани и осудени на долги затворски казни“, соопшти Министерството.

Претходно денеска медиумите објавија дека Израел се подготвува за најлошото сценарио, за кое израелските власти веруваат дека може да се случи за само неколку часа, односно Иран директно да го нападне Израел, како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, кога загинаа неколку ирански воени службеници.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија