Германија го укина целосното затворање, но некои мерки остануваат во сила

Германија одлучи да го укине целосното затворање поради стабилизирање на епидемиолошката состојба, но одредени мерки сè уште остануваат во сила во земјата.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денес изјави дека падот на бројот на заразени лица и зголемената масовна вакцинација значи укинување на мерките на блокада, но тој повика на претпазливост имајќи предвид дека нов заразен вид вирус е идентификуван.

„Има сè погласни барања да се стави крај на блокадата и тоа е можно, но мора да бидеме внимателни да не го загрозиме сето она што досега го постигнавме“, рече Шпан на прес-конференцијата.

Од почетокот на епидемијата потврдено е дека во Германија се заразени 2.369.719 лица, а починале 67.206.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија