Германските компании го пренесуваат производството во странство

Претседателот на Германскиот индустриски сојуз (БДИ), Зигфрид Русвурм, изјави дека секоја шеста индустриска компанија во Германија го преместува производството во странство поради високите трошоци за работна сила и енергија.

БДИ спроведе истражување за производните и деловните услови на средните индустриски компании кои работат во Германија, јавува Анадолија, пренесува АлЏезира Балканс. Русвурм, презентирајќи го истражувањето, рече дека за поголеми инвестиции на индустриските компании потребно е намалување на бирократијата и даноците во Германија. Тој појасни дека 16 отсто од компаниите кои учествувале во истражувањето на БДИ дел од производството и деловното работење го пренесуваат во странство.

„Уште 30 отсто од компаниите размислуваат да го направат истото“, рече Русвурм.

Како што рече, цените на енергијата и суровините се меѓу најголемите предизвици за речиси две третини од компаниите во Германија. Русвурм истакна дека речиси три четвртини од компаниите се жалат дека трошоците за работна сила се превисоки, пред се поради недостаток на квалификувани работници.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија