Доколку мнозинството во Европскиот парламент се промени по изборите во средината на 2024 година, тоа може да има последици за веќе донесените одлуки. Имено, Манфред Вебер, претседателот на конзервативната група во Европскиот парламент, сака да ја укине одлуката за забрана на моторите со внатрешно согорување во Европската унија од 2035 година.
„Доколку мојата група може да обезбеди мнозинство по европските избори, ќе ја поништиме забраната за оваа одлука донесена од Европскиот парламент овој мандат“, најави Вебер, пренесува Electrive.com.
Основната забрана за мотори со внатрешно согорување за нови автомобили и лесни комерцијални возила во ЕУ беше усвоена на крајот на март, но конзервативците извршија ревизија на регулативата до 2026 година.
Вебер сака да го искористи тоа и да ја поништи и, како што вели, да ја исправи оваа погрешна одлука, која ја донесоа црвено-зелените партии, а која доведе до огромни проблеми во ЕУ, рече Вебер.
Од друга страна, германската либерална партија ФДП продолжува да се бори за моторите со внатрешно согорување да се дозволи да се регистрираат по 2035 година, доколку технички се осигура дека користат само синтетички горива. Така, и од нивна страна не му се стави крај на моторот со внатрешно согорување по 2035 година.
Изборите во јуни 2024 година се многу важни за е-мобилноста, што го виде и Стелантис, кој најави дека електрификацијата е забавена и дека изборите за Европскиот парламент и изборите во САД следната година се клучни и можат да доведат до пресврт во јавното мислење и политика на тема електрични автомобили, пренесува Бизнис.рс.