Планирате да се преселите во Германија, штотуку сте стигнале или веќе живеете тука и сакате да го промените вашето постоечко здравствено осигурување тогаш имаме решение за вас!
Веднаш по доаѓањето во Германија, откако ќе се пријавите на адреса мора да направите здравствено осигурување.
Здравственото осигурување ви овозможува лекарски прегледи, стоматолошки услуги, лекови и медицински помагала, престој и лечење во болница, рехабилитација, услуги за трудници итн.
Ако по доаѓањето во Германија сте се вработиле, тогаш трошоците за здравствено осигурување ви се запираат од платата, а ако сеуште не сте во работен однос имате можност самите да си плаќате здравствено осигурување или пак да се осигурате преку брачниот партнер.
Ако ви треба здравствено осигурување пишете ни во инбокс или на маил и веднаш нашите партнери од Бармер ќе ве контактираат на македонски јазик.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.