На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

Според една студија, Германија може да го одржи својот просперитет само со помош на имиграцијата. Во спротивно, на пазарот на трудот му се заканува голем пад. Во наредните години годишно ќе бидат потребни околу 288.000 странски работници.

На долг рок, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман. „Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Според тоа, до 2040 година ќе бидат потребни околу 288.000 странски работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила, пишува Deutschewelle.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година, тој број, без дополнителна имиграција, може да се намали за една четвртина, на само 35 милиони.

Пазарот на трудот се соочува со големи предизвици

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата „бејби бумер“ ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд и бараат доселување на странски работници“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман. „Се разбира, прв приоритет е да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето кои веќе се вселиле – и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без силна култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и долгорочни изгледи за престој.

Различни последици за различни делови на Германија

До 2025 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година. Бидејќи структурните промени се рефлектираат на различни начини, најмногу меѓународни работници ќе им бидат потребни на оние провинции каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија