Петиција до Швајцарија: Исфрлете ја љубовницата на Путин од вилата!

Прв пат во модерната историја вашата земја ја прекрши неутралноста, што не го направи ниту кон нацистичка Германија во 20 век, пишува во петицијата упатена до швајцарските власти, а со која се бара Швајцарија да ја протера Алина Кабаева, руската гимнастичарка за која се тврди дека со четирите вонбрачни деца кои ги има со Владимир Путин, живее во луксузна вила во планинско засолниште.

За петицијата информира и британски Mirror, и веќе се собрале над 55.000 потписи.

-Ние, граѓани на Русија, Белорусија и Украина,кои во моментов неизмерно страдаат, се обединивме со цел да апелираме до швајцарските власти. Таа е омилената жена на диктаторот и воениот злосторник, кој ја напаѓа Украина последните недели.

Зошто властите продолжуваат со гостопримството кон неа и нејзиното семејство, во време кога Путин уништува животи на милиони луѓе?

Ќе бараме правда на сите можни начини, а ако се докажат факти за корумпираност на одредени државни функционери на Швајцарија, кои и овозможиле на Алина Кабаева да добие државјанство надвор од сите процедури, тогаш ќе се потрудиме тие информации да не се чуваат.
Испратете ја Кабаева дома, кај Путин – пишува во петицијата.

Исто така, на страницата Change.org е актуелна и петиција во која се бара да и бидат одземени сите олимписки медали на Кабаева.

-Да и се одземат сите олимписки медали на тајната љубовница на Владимир Путин и мајка на нивните деца, бидејќи поддржува воен криминалец, убиец и тиранин кој убива невини украински мажи, жени и деца, додека таа мирно безбедно живее на демократска почва.Таканаречената мајка, на која и е во ред нејзиниот партнер да бомбардира и убива невини луѓе, вклучувајќи бебиња и деца, не е пример за олимписки идеал.

Таа живее во мир и комфорт, додека невини умираат- наведено е во петицијата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија