Probezeit во Германија: период што одлучува кој останува, а кој си оди

Во Германија сè се мери, па така и вашата вредност како вработен. Првите шест месеци на новата работа се нарекуваат Probezeit, пробен рок што често одлучува за сè: дали ќе останете во фирмата или ќе треба повторно да започнете од почеток.

Многу работници од Македонија и регионот го доживуваат овој период како стресен, неизвесен и често неправеден. Но, ако разберете како функционира Probezeit, можете да го претворите во своја можност.

Што значи Probezeit во Германија

Probezeit во Германија е период во кој и работодавецот и вработениот можат да проценат дали соработката им одговара. Најчесто трае од три до шест месеци, во зависност од договорот, и во тоа време важат посебни правила.

Најважно е да знаете дека за време на Probezeit отказ може да се даде отказ без потреба од објаснување на причината.

Прочитајте: УЈП: Еве кои граѓани што работат во странство треба да пријават ДАНОК!

Како работодавците го користат Probezeit

За работодавците, Probezeit е вид тест. Тие не гледаат само колку добро работите, туку и како се вклопувате во тимот, како реагирате под притисок и колку брзо учите.

Во големите фирми HR одделите често имаат формални евалуации по три и шест месеци. Во помалите, сè зависи од впечатокот на шефот. Многу работници од нашиот регион чувствуваат дека се следат построго од другите. Деловично тоа е точно, бидејќи често се очекува „балканските работници“ да бидат побрзи, поприлагодливи и да не се жалат.

Како да преживеете Probezeit – совети од пракса

  1. Покажете иницијатива, но не претерувајте.
    Во првите недели набљудувајте, учете и прашувајте. Шефовите сакаат кога некој покажува интерес, но не кога се наметнува.
  2. Бидете точни.
    Во Германија доцнењето се смета за непочитување. Дури и пет минути може да остават лош впечаток.
  3. Учете јазик.
    Секој напредок во комуникацијата се забележува и цени. Дури и ако работите физичка работа, разбирањето на правилата и безбедносните упатства може да ве издвојува.
  4. Не расправајте за плата предвреме.
    Чекајте крајот на Probezeit – тогаш сте во подобра позиција за преговори.
  5. Барајте повратни информации.
    Ако не знаете како ве гледаат, прашајте. Тоа покажува професионалност и подготвеност за напредок.

Отказ за време на Probezeit

Отказ во тој период е можен од двете страни, со и без двонеделен отказен рок. Работникот исто така може да си замине без последици ако види дека работата не е она што го очекувал.

Прочитајте: Колку навистина чини автомобилот во Германија – даноци, осигурување и скриени трошоци

Честа грешка на нашите луѓе е што мислат дека ќе „издржат“ до крајот на Probezeit по секоја цена. Понекогаш е подобро да си заминете порано отколку да чекате да ве отпуштат.

Што ако преживеете Probezeit

Ако успешно го поминете пробниот рок, вашиот договор автоматски преминува во редовен работен однос. Тоа значи подолг отказен рок, поголеми права и често прв сериозен разговор за покачување.

Вреди во тие шест месеци да дадете сè од себе, но и да останете свесни за вашата вредност. Работодавците ценат работници кои знаат да балансираат помеѓу лојалност и самодоверба.

Probezeit не е казна, туку филтер

За некои претставува најстресен период во кариерата, а за други доказ дека се на прав пат. Најважно е да сфатите дека во Германија ова не е лично – тоа е едноставно начин на кој функционира системот.

Ако го разберете и се подготвите, имате голема шанса да останете – не само во фирмата, туку и на сигурна професионална почва.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, најдоброто здравствено осигурување во Германија