Што е Mutterschaftsgeld и како да аплицирате за Mutterschaftsgeld во Германија?

Ако сте бремени и чекате бебе, нормално е да не работите 6 недели пред да се роди бебето. Тоа време, 6 недели пред и 8 недели по раѓањето сте во т.н Mutterschutz. Ти не работиш, така што твојот работодавец нема да ти исплати целосна плата и се уште не си родила и немаш право на Elterngeld. Токму за овој период постои Mutterschaftsgeld, финансиска поддршка за време на Mutterschutz. Целта е со овие пари и поддршка од работодавачот (Arbeitgeberzuschuss) да дојдете до висината на вашиот нормален месечен приход.

Кој има право на Mutterschaftsgeld во Германија?

Не сите жени имаат право на Mutterschaftsgeld. Главен услов е да си вработен. После тоа има некои разлики:

Ако сте бремени, работите и имате задолжително здравствено осигурување:

За 6 недели пред и 8 недели по раѓањето имате право на Mutterschaftsgeld во износ од 13 евра на ден. Мора да ја поднесете апликацијата до вашиот Krankenkasse. Работодавецот потоа „додава“ онолку колку што е потребно за да ја добиете вообичаената нето плата.

Доколку сте бремени, работите и сте приватно осигурени:

Ако сте приватно осигурени, немате право на Mutterschaftsgeld. Можете да побарате и да добиете вкупно 210 евра од Bundesversicherungsamt. Вашиот работодавач ќе ви го исплати вашиот дел, но работодавачот има право да не ви го исплати додатокот од 13 евра на ден.

Ако сте трудни geringfügig beschäftigt и familienversichert
(geringfügig значи ако сте вработени но добивате помалку од 438 евра нето месечно од тој работен однос. Minijob и сл.):

Имате право на 210 евра од Bundesversicherungsamt. Работодавецот мора да ви плати и додаток, но само доколку сте заработувале повеќе од 390 евра за еден месец. Тој е должен да ви исплати плата, минус 13 евра дневно.

Ако сте бремени и сеуште сте во Elternzeit (на пр. од првото дете):

Имате право на Mutterschaftsgeld во износ од 13 евра дневно. Бидејќи не работите, работодавачот не е должен да ви го исплати додатокот.

Самовработени мајки

Ако сте самовработени и приватно осигурени тогаш немате право на Mutterschaftsgeld. Имате можност да договорите т.н. Krankentagegeldversicherung, од 2017 година ова осигурување ви плаќа Mutterschutz.

Невработени мајки

На почетокот на Mutterschutz сте невработени и имате право на надоместок за невработеност (Arbeitslosengled I), или моментално студирате и сеуште имате сопствено здравствено осигурување, имате право на Mutterschaftsgeld од вашиот Krankenkasse.

Пример за пресметка:

Една вработена во последните 3 месеци зема плата од 2.705 евра бруто. По даноци и одбитоци, таа добива 1.776 евра нето секој месец.

Нејзиниот приход ќе биде поделен на денови, значи 1.776 евра x 3 месеци, сите поделени на 90 дена (3 месеци). Тоа значи дека оваа вработена добивала 59,20 евра нето дневно. За време на Mutterschutz таа ќе добива 13 евра од Krankenkasse и 46,20 евра дневно од работодавецот.

Каде и како да аплицирате за Mutterschaftsgeld?

Mutterschaftsgeld не добивате автоматски, мора да поднесете барање. Најдобро е да ја поднесете апликацијата пред почетокот на Mutterschutz за навреме да се решат сите формалности. Ја поднесувате вашата апликација или до вашиот Krankenkasse или до Bundesversicherungsamt, како што видовме погоре, во зависност од вашиот работен однос и статусот на осигурување.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА MUTTERSCHAFTSGELD ВО ГЕРМАНИЈА ВО KRANKENKASSE:

Побарајте од вашиот лекар да ви даде потврда за очекуваниот датум на раѓање на вашето дете (Zeugnis über den mutmaßlichen Tag der Entbindung). Не мора да плаќате за овој сертификат. Сертификатот има два дела, еден за вашата Krankenkasѕе, а другиот за работодавецот.

Испратете ја оваа потврда до вашиот Krankenkasse заедно со вашите лични податоци, податоци за работодавачот и банкарски податоци. Ова е формулар што можете да го испратите ако сте член на АОК, други Krankenkasse имаат свои формулари. Формулар за лични податоци на АОК.

Секако, потврдата наменета за работодавачот ја доставувате до фирмата. Вашиот krankkenkassa ќе го контактира вашиот работодавец за да добие информации за вашиот приход, и кога тоа ќе се случи, ќе добиете пари за првите 6 недели.

Откако ќе се роди бебето, ќе треба да испратите една копија од вашиот извод од матичната книга на родените до Krankenkasse за да ги добиете парите за следните 8 недели. Прочитајте овде како да извадите извод од матична книга на родените за вашето дете.

Поднесување на барање до Bundesversicherungsamt:

Ако имате право на намален Mutterschaftsgeld, аплицирате во Bundesversicherungsamt во Берлин. Формуларот можете да го пополните и онлајн овде, а изгледа вака:

ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊE ДО РАБОТОДАВАЧОТ:

Потврдата за очекуваниот датум на раѓање на детето едноставно предајте ја во фирмата во која работите. Надоместокот од работодавачот ќе го добивате како и досегашната плата.

Уште неколку информации

Може ли да го пресметам мојот Mutterschaftsgeld?

Да – преку овој линк:
https://www.elterngeld.net/mutterschaftsgeldrechner.html

Што ако мојот лекар ми забрани да работам пред да започнам со Mutterschutz?

Ако вашиот лекар ви забрани да работите пред почетокот на Mutterschutz од здравствени причини, вашиот работодавец мора да ви исплаќа „нормална“ плата за тоа време.

Што ако очекувам близнаци?

Ако очекувате близнаци, имате право на 6 плус 12 недели Mutterschaftsgeld, наместо 6 плус 8 во „обична“ бременост.

Дали треба да плаќам данок на Mutterschaftsgeld?

Не, од вас не се бара да плаќате даноци ниту на Mutterschaftsgeld ниту на додатокот од работодавачот.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО