Работа на речни бродови – заработувачка до 1900 евра плус бакшиш!

Доколку немате проблем два месеци без пауза да поминете на брод и знаете барем малку од англискиот јазик и имате познавање во областа на хемикалиите или во медитеранската кујна тогаш сте вистински кандидат за работа на речните бродови на кои можете да заработите од 1000 до 1900 евра и дополнително на тоа да добиете бакшиш.

– Најмногу се бараат собарици, готвачи и келнери чија што основна плата е од 1150 до 1300 евра, а можат да заработат уште толку од бакшиш. Ние работиме со швајцарската компанија “Viking” која сака да вработи луге од овие простори, вели Драган Живковиќ од српската агенција Ферон која се занимава со ангажирање на кадар за работа на бродови.

Сезоната стартува од Март и трае до Ноември или дури и до Јануари. Некогаш, според тврдењата на агенцијата е проблем што се пријавуваат луѓе кои немаат доволно познхавање, додека искуството во хотелиерството може да ги отвори вратите.

– За работа на брод потребно е мало познавање на англискиот јазик, или поточно средно ниво. За собарица, на пример на скалата од еден до пет пожелна е оцена три. Тие мораат да имаат хотелско искуство или да работеле во болница. Напосакувани се кандидатките кои работеле на преку океански брод или во некој домашен хотел од било која категорија, вели Живковиќ.

Келнерите кои би работеле во ресторан, мора да имаат одлично познавање на англискиот јазик и да имаат искуство во луксузни хотели.

– Оние кои работеле само по клубови имаат помали шанси. Мораат да ја познаваат медитеранската кујна, да знаат што е Цезар салата и различните видови на сосови. Луѓето кои имаат таков вид на образование имаат предност, но можат да поминат и оние кои ќе поминат кратка обука, додава Живковиќ.

Во агенцијата за вработување на бродот “Safe Cruise” велат дека кај нив се пријавуваат премногу кандидати и немаат капацитет сите да ги ангажираат.

– Работиме веќе шест години и имаме многу повеќе пријавени од бројот на лица кои можеме да ги вработиме. Доаѓаат и со препораки, а сезоната трае цела година. Немаме ограничување според возраста, единствено според искуството. На пример, проблем е ако некој има 50 години и два месеци работно искуство, но во ред е ако во тие години барем 10 години работно искуство, вели Ѓорѓе Лештатин, сопственик на “Safe Cruise”.

Советите за кандидатите се да ја користат предноста на убавата насмевка, ако веќе ја поседуваат, зошто келнерот мора да биде насмеан и да ја препорачува храната. Осмехот е најважен велат оние кои го работат овој бизнис. Странците кои ги користат услугите се луѓе кои сакаат некој да ги забавува. Од комапниите порачуваат дека заинтересираните за ваков вид на работа мора да напрват и лекарски преглед зошто без потврда од лекар дека се во добра здравствена состојба нема работа на брод. Заработка без бакшиш: Собарка: 1,150 – 1,300 евра Келнер: 1,150 – 1,300 евра Готвач: 1,200 – 1,600 евра Гардероба: 1,150 евра Шеф на кујна: 1,600 – 1,900 евра Хигеничари: 1,100 евра Рецепционери: 900 – 1,200 евра Фотограф: 1,150 – 1,400 евра 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија