ПочетнаЕвропаГерманијаВиза за стручно образование во Германија

Виза за стручно образование во Германија

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

  • 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
  • 2 биометриски фотографии од понов датум.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
  • Договор и план за стручно образование (не постари од 6 месеци): потпишан од претпријатието и приправникот, со податоци за комплетната адреса на претпријатието, почетокот и времетраењето на стручното образование, точен назив на професијата (која планирате да ја изучувате), висината на месечниот надомест, неделното работно време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии.
    1. Договорот мора да се потврди од страна на надлежното стручно здружение (на пр.: ИХК – IHK).
    2. Доколку месечниот надомест за време на стручното образование не достигне месечен нето износ од 853,- €, потребно е да се докаже финансирањето на износот кој недостасува, и тоа со:
    – гарантно писмо од Германија за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 2 копии, или
    – потврда од банка во Германија дека имате отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 853,- €, во оригинал и 1 копија, (на пр. Дојче Банк (Deutsche Bank) – www.deutsche-bank.de, фирма Финтиба (Fintiba) – www.fintiba.com, фирма Експатрио (X-Patrio) – www.x-patrio.com, фирма Коракле (Coracle) – www.coracle.de, и др.).
    – Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази.
  • Договор со училиштето или потврда за регистрација на стручното училиште, во оригинал и 2 копии.
  • Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана, во 2 примерока
  • Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, во оригинал и 2 копии

Признати сертификати се: сертификатот од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или ОСД – австриска јазична диплома (ÖSD – Österreichisches Sprachdiplom).

Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Минхен

СЛИЧНИ СТАТИИ