Како да откажете стан во Германија?

Кога да го откажете стариот стан во Германија?

Не откажувајте го станот ако сè уште не сте потпишале нов договор!

Секоја чест за усмениот договор. Можеби сè е договорено, можеби 4 пати сте се ракувале и мислите дека е 100% безбедно.

Не е. Не сакате остатокот од животот да раскажуватеприказна за тоа како некој мајмун ве измамил – а мислевте дека сè е безбедно. Ако сте се ракувале 4 пати, не е проблем веднаш да се потпише договорот, нели? Само кога потпишан и е во ред, тогаш откажете го тековниот стан.

Станот, според стандардниот договор, има отказен рок од 3 месеци. Ова значи дека ако го откажете станот на 17.10 2021 година, треба да платите за станот уште 11, 12 и 1 месец. Треба да го имате ова на ум затоа што, во најлош случај, можете да се ставите во ситуација да мора веднаш да го преземете новиот и да платите за стариот стан уште 3 месеци. Три месеци дупла кирија не е баш мала работа.

Тоа е најлошото сценарио, сепак, во реалниот живот, тоа обично оди поинаку. Бидејќи побарувачката за станови е огромна, а сопствениците обично немаат проблем да најдат станари, најчесто вашето заминување не им штети премногу.

Најважно е да го откажете станот и да склучите договор. И сопствениците ја разбираат вашата ситуација и по правило нема да инсистираат да останете уште 3 месеци. А и зошто би инсистирале? Нов потстанар веројатно ќе плати повеќе од вас и им се исплаќа да најдат нов што е можно поскоро.

Прашајте го сопственикот дали сака да најде нови станари или вие ќе се погрижите за тоа. Ова е интересна тактика која често функционира, а и ви дава можност да „вметнете“ некого во вашиот стар стан. За сопствениците ова е погодно затоа што тие не треба да се грижат за тоа, особено ако сте биле уреден потстанар и ако имаат доверба во вашиот избор.

Разговарајте како луѓе и обидете се да постигните договор да излезете кога вас ви одговара т.е. истиот ден кога ви почнува новиот договор.

Состојбата на станот што го напуштате

Дел кој многумина го забораваат и чини нерви, време и пари. Дали сакате, без никакви проблеми и во целост да ви ја вратат кауцијата што ја оставивте? Ако е така, се плашам дека ќе мора да го напуштите станот како што го најдовте – празен, чист, варосан и без скршени делови.

Јас го потценив сето тоа, мислев дека средувањето на станот е еден ден работа, но не беше. Особено затоа што сопственикот на станот е стереотип на Германец за кого куќата е како аптека и очекува неговиот стан да биде ист. За среќа, сопругата е иста и не е чудно за неа да исчисти. Во секој случај, за сè е потребно време и трошоци, затоа подгответе се за неколку дена интензивна работа. Човек е запрепастен кога ќе сфати колку работи поседува.

Предавање на станот (Übergabe)

Кога го откажавте станот и се согласивте за официјален датум за примо-предаја т.н. Übergabe. Дотогаш, сè мора да биди готово и тогаш сопственикот на станот треба повторно да го преземе станот од вас и да ви потпише поврат на кауцијата.

На тој термин запишете го статусот на броилата за електрична енергија и вода. До тој момент ќе платите за потрошеното. Оттогаш трошењето повеќе не е ваш проблем, барем за тој стан.

Не заборавајте да погледнете во договорот колку клучеви добивте кога се вселивте. Истиот број на клучеви ќе мора да го вратите.

Немојте да заборавите дека после предавањето немате пристап во станот.

Промена на адреса

Повеќето од нас имаат барем 10-20 различни институции и компании кои ја знаат и имаат потреба да ја знаат нашата адреса. Од моментот кога станот е предаден, таа адреса повеќе не е валидна и целата дојдовна пошта нема да ве најде. Порано или подоцна на сите мора да им ја дадете новата адреса.

Еве мала Check-листа кого се треба да известите за вашата нова адреса:

  • Електрична енергија / гас / вода
  • Интернет / Телефон (по можност 3-4 недели пред да се преселите бидејќи тоа не оди туку така)
  • Мобилен оператор
  • Весници / списанија (ако сте претплатени)
  • Германска телевизија
  • Градинка / училиште
  • Банка
  • Familienkasse/Wohngeldstelle
  • Здравствено осигурување
  • Друго осигурување
  • Фирмата каде работите
  • Finanzamt
  • Fahrzeugstelle (мора да ја смените адресата на зелениот картон)
  • Теретана
  • Амазон
  • Ибеј
  • Здруженија и сл. (Ако сте член)

За да бидете сигурни, можете да поднесете т.н. Nachsendeauftrag. Ова значи дека поштарот, кога ќе види дека веќе не сте на таа адреса, ќе провери во системот и ќе ја најде новата адреса на која ќе ви ја достават поштата.. На овој начин можете да бидете сигурни дека пратките со старата адреса сепак ќе дојдат кај вас. Можете да го направите ова лично во пошта или преку интернет на следниов линк:

https://www.deutschepost.de/de/n/nachsendeservice.html

Ова лини 29.90 евра во пошта или 26.90 евра онлајн.

Направете сè како што треба за да избегнете можни проблеми и „долгови“ од стариот стан. Со среќа!

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија