Виза за Велика Британија

Без разлика на тоа дали сакате да се преселите во Велика Британија или само да ја посетите оваа земја, важно е претходно да се осигурате дали Ви е потребна виза.

Дали Ви треба виза за влез во Велика Британија ќе зависи од:

  • Причината за Вашата посета
  • Вашата Националност
  • Моменталната локација

Велика Британија има систем базиран на поени преку кој се одобруваат барањата за виза за одредени категории кандидати.

Можете да проверите дали Ви е потребна виза со пополнување на прашалникот „Do I need visa?“ на официјалниот сајт на Владата на Велика Британија. Овој прашалник се состои од прашања поврзани со Вашата националност, причината за влез во Велика Британија, времетраењето на Вашата посета и слично. Истиот можете да го најдете тука.

Како ќе се оценува Вашата апликација?
Вашата апликација за виза ќе се оценува според одредени критериуми како што се:

  • Дали можете финансиски да се издржувате- Кој е Вашиот иден работодавец
  • Која е Вашата националност
  • Вашата возраст
  • Вашата професија
  • Вашето образование
  • Дали имате намера да работите привремено или трајно
  • Дали имате криминално досие

Како да аплицирате за виза?
Можете да аплицирате за виза со посета на веб-страницата на британската Агенција за визи и миграција. Тука можете да најдете информации за сите потребни документи, во зависност од типот на визата за која аплицирате.

Исто така, од март минатата година македонските граѓани имаат можност да аплицираат за виза во Скопје, со поднесување на аликации до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија