Kindergeld во Германија 2 дел – најчесто поставувани прашања

Темата за која имам најмногу прашања секој ден и статијата на која оставивте најмногу коментари е онаа за Киндергелд во Германија. Бидејќи ова е очигледно многу интересна тема и бара дополнително разјаснување, еве едно продолжение.

Еве ги вашите најчести прашања и одговори:

Некој (обично поранешен сопруг) поднесол за Kindergeld, но бил одбиен затоа што не бил старател. Дали треба сега повторно да аплицирам?

Во случај на разведени родители, правото на Киндергелд, во повеќето случаи, му припаѓа на родителот со кого живее дететo. Истото важи и кога аплицирате, поранешниот сопруг или сопруга кои немаат старателство за детето немаат право да аплицираат за Kindergeld во Германија. Ова мора да го стори родителот што се грижи за детето, а Kindergeld се исплаќа на сметката на тој родител. Значи, дури и ако вашиот сопружник е одбиен, вие ја поднесувате апликацијата.

Мојот поранешен сопружник не сака да соработува и / или немам контакт со него. Може ли да поднесам барање за Киндергелд без него / таа и дали тој / таа може некако да го саботира тоа?

Се разбира, подобро е кога партнерите по разводот сè уште добро се согласуваат и си помагаат еден на друг во интерес на детето. Сепак, многу чест случај е партнерите да престанат да комуницираат по разводот или, уште полошо, да започнат да работат едни против други. Во овој случај, истото важи – родителот кој официјално се грижи за детето може самиот да аплицира за Киндергелд. Поранешниот сопруг или сопруга не можат да го саботираат или спречуваат на кој било начин. Единственото нешто што може да се случи, во особено тешки случаи, е партнерот да ве тужи или да постојат некои други правни пречки.

Може ли да добивам Киндергелд од 2 земји за исто дете?

Можете. Ако веќе добивате Киндергелд, на пример од Македонија во износ од 2500 денари, и во случај да ви одобрат Киндергелд во Германија, тие ќе ви ја исплатат разликата до целосната сума на на детскиот додаток во Германија, што значи околу 175 евра. Најдов информациi дека ова важи за Киндергелд од земјите на ЕУ, за Македонија, за жал, не најдов информации.

Јас веќе живеам и работам во Германија, а остатокот од моето семејство доаѓа подоцна (обично во рок од неколку месеци). Дали има смисла веднаш да поднесам за Киндергелд?

Ако во вашата матична земја не примате детски додаток и немате некоја посебна, комплицирана документација со која треба да се справите, би рекол дека дефинитивно вреди да аплиоцирате за Киндергелд во Германија што е можно поскоро. Ако вашето барање е одобрено, детскиот додаток ќе ви биди исплатен за 6 месеци уназад.

Не добивав детски додаток во мојата татковина, сега кога аплицирав во Германија, имам ли право на заостанатиот детски додаток?

Без оглед дали сте или не сте добивале детски додаток во вашата матична земја, ако ви биде одобрен Киндергелд во Германија ќе ви бидат платени 6 месеци назад. Се разбира, се претпоставува дека детето е веќе 6 или повеќе месеци. Ако бебето е старо само два месеци, тогаш ќе добиете Киндергелд за последните два месеци, односно од датумот на раѓање.

Дали имам право на Киндергелд за дете над 19 години или за дете кое учи/студира?

Киндергелд обично се добива до 18-годишна возраст. Имате право да ја продолжите исплатата на Киндергелд до 25-та година од животот, ако вашето дете сè уште оди на училиште, студира, бара работа или Аусбилдунг. Имате право на ова, без оглед дали детето учи или студира во Германија или во друга земја. Важно е дека детето е сè уште не е во брак. За да го искористите ова право, мора да поднесете барање и најчесто ќе треба да испраќате редовни сертификати од училиштето или факултетот со кои се потврдуваат вашите наводи.

Јас работам во Германија за Бугарска (или друга) странска фирма, дали имам право на Киндергелд?

За остварување на правото на Киндергелд во Германија не е важно за кого работите. Нема разлика дали станува збор за германска, бугарска, македонска или фирма од трета земја. Она што е важно е да имате постојан престој во Германија, да престојувате во Германија повеќе од 6 месеци годишно и (за жителите на земјите што не се членки на ЕУ) да имате дозвола за престој и работа таму. Веднаш штом ќе ги исполните овие услови, имате право на Киндергелд. Се разбира, претпоставката е дека оние што живеат во Германија ќе имаат работа, ќе заработат одреден приход, ќе плаќаат даноци и сл. Можностите за измама и манипулација со системот се друга тема.

Во моментов работам само MiniJob, дали имам право на Киндергелд?

Да. Ако ги исполнувате другите услови, не е важно каква работа работите. За да имате право на Киндергелд, не е важно што и за кого работите и колку заработувате.

Кого да контактирам ако имам некои прашања во врска со Киндергелд?

Ако сте ЕУ државјанин, институцијата одговорна за прашањата на Киндергелд е Bundesagentur für Arbeit во Регенсбург, телефон +49 851 508 617 .

Ако сте од Македонија, тоа е Bundesagentur für Arbeit во Нирнберг, телефон +49 911 529 3997

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

https://emigriko.mk/детски-додаток-kindergeld-во-германија/

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија