Австралија се разбуди под снежна покривка

Додека Европа ја зафаќа топлотен бран кој достигнува рекордни температури, деновиве југоисточна Австралија ја тресе студ. Имено, силните ветрови и врнежи од снег ја погодија Викторија, Нов Јужен Велс, па дури и Квинсленд.

Обилните врнежи од снег дојдоа баш за време на училишниот распуст во Викторија. Но, ова не предизвика радост само кај децата. Ски центрите на австралиските Алпи деновиве се преполни.

„Луѓето се радосни и возбудени. Стотици автомобили се паркирани под планината Мекензи, вклучувајќи и едно семејство кое дојде дури од Бундаберг. Возеле повеќе од седум часа во текот на ноќта за да уживаат во снегот“, изјави Пол Тали за BBC.
_84234112_skiiergetty _84236121_snow_rc
Метеоролозите предупредуваат дека Австралија викендов ќе биде зафатена од нов студен бран, особено Викторија и Нов Јужен Велс каде веќе се затворени некои од главните патишта.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија