ЖИВЕЕТЕ ПОД КИРИЈА ВО ГЕРМАНИЈА?Доаѓаат бројни промени – ова мора да го знаете

Веќе со недели се шпекулира за реформа на законот за изнајмување, а сега министерката за правда Штефани Хубиг претстави конкретен нацрт-предлог. Целта на реформата е заштита на станарите од енормниот раст на кириите и спречување на бездомништво поради привремени долгови, пренесува.

„Втора шанса“ при неплатена кирија

Во моментов, станар кој ќе задоцни со плаќањето може да добие вонреден отказ на договорот и да заврши на улица. Според новиот план:

  • Вонредниот отказ поради долг станува неважечки ако станарот (или, на пример, Jobcenter) го подмири целиот долг во рок од два месеца по добивање тужба за иселување.
  • Оваа „втора шанса“ важи само ако станарот во последните две години не ја користел веќе оваа можност.
  • Новина е што истото правило ќе важи и за редовните откази, кои станодавците често ги користеле за иселување и покрај накнадна уплата на долгот.

Прочитајте: Зошто Германец со истата плата живее подобро од Македонец?

Ограничување на „индексните“ кирии (Indexmiete)

Кај договорите каде што висината на киријата е врзана за инфлацијата, станарите во последните години беа особено погодени. Планот на министерката Хубиг предвидува:

  • Максимално зголемување на киријата од 3,5 % годишно.
  • Целта е да се спречи двојниот удар врз станарите – општ раст на трошоците за живот и нагло зголемување на киријата.

Крај на манипулациите со наместени станови и краткорочни договори

Станодавците често ја заобиколуваа „кочницата на цените“ (Mietpreisbremse) така што ги издаваа становите како наместени или на краток рок. Реформата предвидува:

  • Краткорочни договори: законско ограничување на максимум шест месеци. Сè што трае подолго ќе подлежи на построги правила.
  • Наместени станови: додатокот за мебел ќе се смета за оправдан само ако не надминува 5 % од нето-основната кирија (за целосно опремен стан).

Што се менува за станодавците?

Иако реформата првенствено е насочена кон заштита на станарите, таа носи и одредени олеснувања за сопствениците на недвижности:

  • При модернизација на станот (на пример, нови прозорци или плочки), прагот за поедноставена постапка за зголемување на киријата се зголемува од 10.000 на 20.000 евра.
  • Тоа значи помалку бирократија за станодавците кои инвестираат во своите недвижности.

Кога новите правила стапуваат на сила?

Точниот датум сè уште не е познат. Нацрт-законот прво мора да биде одобрен од сојузната влада (Bundeskabinett). Сепак, бидејќи многу детали се дел од коалицискиот договор на CDU, CSU и SPD, се очекува процесот да оди релативно брзо.

До крајот на годината се планираат и построги казни за лихварски кирии (Mietwucher), кои во моментов се дефинирани како цени повисоки за повеќе од 20 % од просекот

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија