Австрија нуди квалитетен живот, но не и добредојде за странците

Иако според сите истражувања Австрија нуди квалитетен и безбеден живот, сепак оваа европска држава доби негативни оценки кога е во прашање пријателскиот однос кон странците. Имено, Австрија не успеа да се рангира меѓу првите десет земји во кои се добредојдени доселениците, бидејќи речиси една третина од странците во оваа држава, се изјасниле дека Австријците се непријателски расположени кон нив.

Истражувањето на Expat Insider имаше за цел да открие каков е животот на странците и колку се задоволни од нивниот нов дом. Анкетата опфати 14.000 испитаници од 195 земји.

Еквадор, Мексико и Малта беа првите три дестинации за 2015 година, додека пак Австрија е рангирана 11-то место, веднаш по Австралија. Австрија го освои првото место за безбедност и благосостојба, но сепак не освои многу поени кога беше земен предвид односот кон странците.

Доселениците во Австрија откриле дека им е многу тешко да се навикнат на локалната култура и социјален живот. Речиси една четвртина од анкетираните рекле дека локалните жители се непријателски настроени, а една третина рекле дека Австријците немаат добар однос кон странците. Овие резултати се речиси двојно повисоки од просечните.

Повеќе од половина од испитаниците кои живеат во Австрија изјавиле дека стекнувањето нови пријатели е тешко, што може да се должи на јазичната бариера. Речиси половина од анкетираните изјавиле дека е многу тешко да живеете во Австрија без да зборувате германски, а само една четвртина од нив рекле дека германскиот јазик е лесен за учење.

Доселениците во Австрија изјавиле дека се чувствуваат безбедно на своите работни места, поради силната економија на оваа држава, но рекле дека Австрија на странците не им нуди многу можности за напредување во кариерата.

Австрија доби одлични резултати кога станува збор за грижа кон семејство. Доселениците се изјасниле дека достапноста и опциите за згрижување и образование на нивните деца, се одлични.

Дури 94% од доселениците ја пофалиле локацијата на Австрија во Централна Европа, бидејќи им обезбедува доволно можности за меѓународни патувања.

country_report_austria

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија