Ако сакате работа во странство, Унгарија бара работници

Ако сте во потрага по работа, и сакате да заминете во странство, Унгарија бара работници надвор од Европската Унија, oбјави Ројтерс. Ова го прават за брз рестарт на економијата. 

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека со оваа мерка сакаат да го ублажат недостигот на работна сила.  Сепак, има строги критериуми. Новите правила им овозможуваат на агенциите да доведуваат привремени работници од други земји, освен од унгарските соседи кои не се членки на ЕУ. Правилата за работниците од Украина и Србија беа олеснети во 2017 година. Економијата на Унгарија помина подобро отколку што се очекуваше во првиот квартал годинава, иако имаат рестрикции. Откако почна пандемијата, во европските земји имаше застој на регрутирање на работници од Балканот. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија