(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Германија и Белгија

Бројот на жртвите во поплавите и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во покраините Рајланд-Пфлац и Северна-Рајна Вестфалија во западните делови на Германија се зголеми на 42 лица.

Во областа Еифел се срушени голем број згради.

Во тек се активностите за трагање по десетици лица кои се водат за исчезнати. 

Во погодените подрачја од поплавите и надојдените води 200 илјади лица останаа без електрична енергија и за поддршка во активностите за пребарување и спасување се испратени 300 војници и тенкови.

Бројот на жртвите и во поплавите и надојдените води предизвикани и од неколкудневните поројни дождови во Белгија се зголеми на 9 лица.

Во областа Лиеж се евакуирани стотици лица, а во тек се и активностите за пребарување и спасување на голем број заглавени лица.

Поради тоа што некои реки се излеаја од своите корита некои градови се испазнети и е издадено предупредување до народот да не излегуваат од своите домови и ако е можно да се работи од дома.

Од силниот дожд којшто продолжува да врне непрестано веќе неколку дена се погодени особено областите во источниот дел на Белгија како што се Лиеж, Вервиерс, Спа, Намур и Лимбург.

Локални функционери соопштуваат дека во поплавите во овие наброени градови и во околните села животите ги загубија 9 лица.

Како што се истакнува 4 лица се водат како исчезнати и продолжуваат активностите на екипите за пребарување и спасување по овие лица. 

Поради поплавите се срушени голем број куќи, илјадници куќи и работни места се останаа под вода, а во некои населени места и села од вчера не може да се дистрибуира електрична струја. Како што е соопштено во некои градови а особено во Вервиерс е загадена и водата за пиење. Голем број возила се одвлечени од страна на надојдените води.

Поради поплавите во источниот дел на Белгија се затворени голем број магистрални патишта и се откажани голем број железнички линии.

Во Луксембург исто така продолжуваат активностите за спасување на заглавените лица поради поплавите, а некои села во погодените места во земјата се испразнети.

За повеќе вакви информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија