Најдобар портал за барање стан во Германија

Колку пати имате видено на фејсбук дека некој бара или нуди стан баш таму каде што ви е потребен и на вас? Колку пати сте имале интересна понуда, но не знаете колку е добра цената на станот? Колку време поминувате на Фејсбук барајќи такви огласи?

И дали ви се случило да имате проблем да најдете некој што ќе ви го преземе станот (Nachmieter)? Колку пати сте поминале време на фејсбук пишувајќи статуси барајќи некој да се всели во вашиот стан? И најважно, колку пати сте виделе огласи каде објавуваат слики од ист стан?

Поради овие прашања што ги поставив погоре, решив да дадам се од себе и да го најдам најдоброто решение за вас. А тоа решение е најдобрата страница за пребарување станови во Германија. Не плашете се, ако имате проблем со јазикот, се ќе ви објаснам.

Aко сакате да најдете Nachmieter, а не сакате да плаќате за оглас, Immowelt ви дава можност бесплатно да го огласите вашиот сегашен стан.

Во основа, комплетниот процес е потполно бесплатен и многу едноставен и ќе ви заштеди многу време доколку барате стан.

Како Immowelt го наоѓа идеалниот стан за нас?

Прво и основно, мојата желба на оваа страница е секогаш да ги понудам најдобрите и наједноставните решенија за сите ваши предизвици во Германија. Ако по некоја случајност понудам нешто што не е лесно, тогаш воопшто нема смисла да помогнам, нели?

Immowelt е едноставно најдобриот од сите портали за пребарување станови. Има најголем број објекти за издавање, објекти за купување, земјиште за купување, деловни објекти и се што е поврзано со недвижен имот.

Бидејќи решив да го ставам фокусот на изнајмување станови, ќе се задржам на тоа како најлесно да изнајмите стан преку Immowelt.

Едноставно наоѓање стан

Многу се нервирав по пристигнувањето во Германија кога се обидував да најдам стан на Гугл. Потоа пишував „München Wohnung bis 700 €“ и се надевав дека ќе излезат добри резултати.

Immowelt во голема мера го поедностави ова, како што можете да видите на сликата подолу:

Со 5 едноставни опции, одлучувате што точно барате.

Во делот Was suchen Sie? едноставно изберете дали барате изнајмување, купување, изградба или друго. За изнајмување можете веднаш да изберете каков вид на објект барате, како што можете да видите на сликата подолу:

Во делот Wo suchen Sie? едноставно внесете или поштенски код, или името на градот / местот (сметајте дека доколку случајно нема точна понуда за тој поштенски код, веднаш ќе ја добиете најблиската понуда малку подалеку).

Во делот Mietpreis, Wohnfläche и Zimmer избирате колку пари би дале за кирија (ова е главно Kaltmiete – повеќе за тоа можете да прочитате во статијата Како да најдете стан во Германија), колку простор ви треба.

Ако сте заинтересирани за понудата на станови во вашата област, дознајте овде:

Пронајдете стан во вашата близина

Еве еден пример како изгледа едно пребарување за стан во Минхен, кликнете овде: Пример за пребарување стан во Минхен

Како да ги подготвите сите документи потребни за аплицирање за стан?

Сега кога го најдовме станот, важно е да аплицираме за него. Но, самите знаете колку е тешко да аплицирате 20 пати за 20 огласи. Поминуваме неколку часа испраќајќи им на сите што сакаме.

Нема смисла. Сите мораме да работиме, да се грижиме за семејството и едноставно немаме многу време за трошење.

Затоа е важно да се пријавите на Immowelt за да можеме да ги запишеме сите важни податоци само еднаш, а потоа да аплицираме за повеќе станови со еден клик. Откако ќе го пополните профилот, можете да испраќате 20 барања за стан буквално секој ден во рок од 2 минути, и сите тие ќе изгледаат добро!

Основни информации

Креирањето профил е едноставно. За најдобар профил, важно е да пополните што е можно повеќе информации. На сликата подолу можете да видите што ви треба за да го комплетирате профилот.

Во Persönliche informationen имате за пополнување (датум на раѓање, статус на вработување, професија, колку сте во семејството, колку заработува домаќинството, кога сакате да се иселите).

Kurzbeschreibung е можеби најважниот дел.

Дополнителни документи

Секогаш е полесно ако ги имате сите документи на едно место. Затоа е најдобро да sсе што е важно да ставите на профилот.

SCHUFA-Boniätscheck- важен документ за да знаете дека сме редовен плаќач. Најдобро е да го порачате преку сајтот на Immowelt, бидејќи сте готови во неколку чекори, а цената е идентична.

Кликнете овде за да ја порачате вашате шуфа

Einkommensnachweis – најчесто поднесувате копии од последните 3 платни листи, можете да дадете и потврда за приход ако сте во пензија.

Mietzahlungsbestätigung – ако сте плаќале редовно во вашиот сегашен стан и не сте имале никакви проблеми, би препорачал да побарате од сопственикот да го пополни овој документ. Тој на тој начин потврдува дека сте добар кираџија.

Документот можете да го преземете кога ќе го внесете вашиот профил, а таму во делот Wichtige Documents преземете се што ви треба.

Можете да внесете и други документи ако сакате, но овие 3 ги сметам за најважни за сигурно наоѓање стан.

И што сега?

Откако ќе ги пополните сите документи, кликнете на Bewerbermappe erstellen и ќе добиете датотека во PDF формат со која се пријавувате. Можете да го користите ова за сите други огласи, без разлика каде се.

Целиот процес успеав да ви го објаснам за неколку минути читање. Ќе ви треба можеби половина час за да го поставите профилот, а кога ќе завршите, ќе бидете подготвени да барате стан со малку труд.

Порталот е целосно приспособен за мобилен телефон, а имате и опција да ја преземете апликацијата, па ќе добивате известувања на вашиот мобилен. Алтернативно, ќе добивате известувања преку е-пошта!

Се што ви треба за да се најавите на порталот е е -пошта. Регистрирајте се денес, направете го вашиот профил и едноставно тестирајте како функционираат советите, па затоа од љубопитност, пријавете се на неколку огласи.

Пријавете се на Immowelt со еден клик, и ослободете се од нервозата кога барате стан!

Дури би предложил веднаш да се обидете да пријавите на некој оглас, за да видите колку е успешна оваа тактика. Не мора веднаш да го земете станот 😀

Најавете се на Immowelt

Исто така можете да ги прочитате следниве линкови за тоа како да најдете стан во Германија:

Како да најдете стан во Германија во 2021 година?

Градски стан во Германија

Како да откажете стан во Германија?

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија